Ни ќе земат ни ништо, највероватно тој ќе биди ростерот на екипата и според најавите на Валтер максимум 1 играч ако земат, со данецот историски стана трансферот и на крај ништо нема да биди...
На крај, според мене сепак ограничени се финансиите за трансфери, не е така како шо очекувавме сите има лимит плус ситуацијата во Вардар па не дојде до некои екстра трансфери и звучни имиња.
Ќе мора да се задоволиме со тие играчи, пола мачка во вреќа, со поасолен тренер лани да имавме, подобра беше екипата, ама ајде нејсе, нема шо да жалиме, нова сезона е пред нас, на околу 1 месец до утакмицата со Мешков Брест, допрва нови играчи тешко да идат, средствата највероватно ќе бидат пренаменети за новата сала, шо до негде е и ок, само барем нека биди со уште поголем капацитет, џабе ти екстра екипа кога нема кај да играш, на зима сите знајме каква е, условите далеку од европска екипа, така да прво сала, па екипа за лш со уште поголем буџет и спонзори.
За играчите Хосни иди другата недела оти играше во Африка на то првенството, Велковски се враќа крајот на другиот месец, кога веќе не се зема десен бек, желба ми е Павле Петровиќ за во првиот тим, сега префрлен е и тренира со првата екипа, ама пак од друга страна сигурно ќе биди трета опција тука и ќе се упропасти само, ќе го видиме Хосни како ќе се покажи, нека истурка уште една сезона Павле во двојката, па за од следната сезона ќе можи сериозно да се рачуна на него....
На официјалната на фб, Цветко и Павле ги пишаја како нови играчи во првата екипа а тоа нигде официјално не излезе и така.