И јас сум што побрзо да се заменат дресовите во зелено бели, но искрено очекувам да не оди така глатко во тој поглед. Еурофарм имаат желба за плави дресови и во моментов се во многу поповолна ситуација за преговори од ЧКЕМБАРИТЕ. ЕУРОФАРМ нема што да загуби, односно можи само да не добие подршка од ЧКЕМБАРИТЕ, додека кај ЧКЕМБАРИТЕ е спротивно нивната смисла на постоење е ПЕЛИСТЕР, ако не постои ПЕЛИСТЕР автоматски се губата и ЧКЕМБАРИТЕ како навивачка група која го подржува ПЕЛИСТЕР. ФК ПЕЛИСТЕР е втора лига и вероватно и таму ќе остани бидејки силата на новиот сопственик е таму некаде, КК ПЕЛИСТЕР од сезона до сезона варира од втора лига до прва без никаква шанса за успех. Па така немањето на голем настан ривалитет и т.н ја губи заинтерисираноста за групно навивање па ако до само пред 5 до 10 години можеше да се направи госутвање Ск на ЧКЕМБАРИТЕ од по 500 до 1000 луге сега на утакмица во Битола не може да собереш 200 души (секоја чест и на тие 200 кои кои ја одржуваат традицијата на ЧКЕМБАРИТЕ) па така со неприфаќање на РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, ЧКЕМБАРИТЕ губат можност за некој посериозен натпревар каде би биле 2000 или повеќе а со што повторно би се разбудила страста за навивање и кај млади и кај постари, сето ова го знаат во ЕУРОФАРМ и затоа не очекувам лесно да прифатат зелена боја, но со континуиран притисок на трибина сметам и тоа е возможно но никако со бојкот.