Се согласувам со Пљампач се што напиша. И јас сум таков ортодоксен навивач. Еднаш бев на натпревар на Работник, одвај дочекав да заврши.
Со сила ништо не бива, ете не ме влечеше утакмицата.
Но ете да погледниме малку пошироко. Македонци во државава сме останати милион и нешто и се ситниме.
Зошто ни се случува тоа? Само заради поделбите. Овој е поголем Македонец од другиот, другиот е поголем битолчанец од третиот, бидејќи овој не бил пет колена од Широк сокак, четвртиот бил поголем Чкембар од петтиот оти овој не знам што правел.
Секој ден по Широк сокак, а поготово за викендите сретнувам тајфи турски туристи, и си мислам, море оваа Турција што сила ке беше, 80 милиони луѓе, ние македонците не сме едно преградие на Истамбул. А замислете дошле во Европа со 200 шатори. Да ама тие не се занимавале со поделби. Знаете ли колку народи интегрирале во себе да живеат под едно знаме?
Зарем Ајри Демировски не беше Чкембар? Зарем Кемал Ататурк не беше битолчанец?
Ако деца голобради се сликале и напишале Еурофарм Пелистер немора тоа одма на нож да се дочека.
Не е големината да го плукаш некого, и да му викаш ти не можиш да бидиш како мене, туку да го направиш да биди поголем фанатик од тебе.
Впрочем, сите екипи во модерниот ракомет се групи на јаничари кои немат врска со клубот во кој играт, и сите екипи се со придавки, наставки.
Јас сум уверен дека тие играчи ке станат поголеми Пелистерци од нас по првиот аплауз на отворена сцена.
Тоа е помало предавство од егзодусот што му се случуваше на Пелистер 20 години.