Каква војна се води на ФБ, ауууу, до кај е дојден светот, односно до кое дереџе дојде спортот во Македонија, на ФБ профили да се решават проблемите..ГРЕОЈ.
Техникото против сите
...бивши играчи на Пелистер, тренери од Балканот версус техникото, па седнал реплицира, вака така
, па закани за кривични пријави, тужби за клевета и шо уште не.
Настрана се, срамота е бе на ФБ да се решават работите...
21 век дојде алооо....
Па овај вака рекол, тој така, ко некој тинејџерки..
Резо требаше како професионалец пред да се случи ова да му кажи на Папата, па заедно да седнат со управата и да му кажи шо прај Јошко на тренинзи, на утакмици, па после управата да го бара чарето, зошто тие се одговорни за реномето на клубот пред народот, не е ниту Јошко, ниту Резо.
Пелистер како работодавач треба да клај ред шо прат работниците и како се однесуваат кон своите работни обврски.
Пелистер како клуб мораше и беше должен да го седни Јошко на маса, заедно со Резо и да пробат да ја исплеглат работата.
Вака испаѓа дека само Резо е жртвата, а Јошко добива амнестија да си продолжи да ја води екипата како да сме во 1975 година.
Стилот на Јошко е тој, тој сигурно нема да се смени, ама управата пред да почни да преговара со него требаше и мораше да знај шо табиет е стариот, и да му кажи
ДРУЖЕ ВАКА ВО ПЕЛИСТЕР НЕ МОЖИШ ДА ПРОДОЛЖИШ, па да му се клај една клаузула на стариот во договорот за то кои се неговите обврски од договорот, па да се придржва кон условите, сите овие глупости можеа да се избегнат, со еден нормален џентлменски договор, паметна управа пред да преговара со тренер, играч прво се распрашва со кој преговара и со каков чоек си има работа, после ги договарват деталите, вака испаѓа дека само управата на РК Пелистер не знаеше со каков тренер си фатиле работа, со конфликтна личност, самобендисан, арогантен итн..
Не можи тебе како управа да ти е изговор
АБЕ НИЕ НЕ ЗНАЕВМЕ ДЕКА ЈОШКО ИМА ПРОБЛЕМ СО ИГРАЧИТЕ, дури сега по инцидентот дознавме дека има нетрпеливост на релација тренер-играчи.
Случајот со Рајчич, ете и со Резо, значи дека екипата е без контрола, односно го имаа остаено Јошко да прај шо сака.
Зошто ни се тогаш спортски директор? Управа? 10 секретари, надзорни одбори, вакви одбори?
Зошто земат пари тие во управата? За да клават само на ФБ, Инстаграм клипчиња од тренинзи?За то се платени?
За то не ни треба управа, ќе клајме некое детиште нека постира по цел ден, и така по цел ден со телефоните в раце се децата, нека зема пари барем..
Кога тренерот можи да прај шо сака и да не одговара за своето однесување кој е крив овде? Навивачите? Кој? УПРАВАТА, рибата од глата смрди.
Не можи ти како управа да не знајш дека тренерот ти е искаран со пола екипа, дека се расправа со публика, дека го руши реномето на клубот..
Па кој го плаќа тренерот?
НИЕ, граѓаните на Битола( или барем така мислиме ), и мора тука да се понеси одговорност...
Не можи ти да не знајш дека играчите се незадоволни од тренерот, дека има проблеми на тренинзи, на утакмици кои влијаат на резултатите на клубот.
Седнале од ко пукна тиквата, од ко пукна срам по сите портали ќе ја решавале работата, ќе се извинвале.
Шо ќе се извинват, како прво ни Јошко не дошол на состанокот, и шо решение за проблемот ќе бараш?
Демек да се извини играчот оти тренерот му искарал се живо и диво пред сите на пријателски меч со Бутел, за шо? Оти љуфнал пенал на пријателски меч?
А тренерот не е повикан за да понеси одговорност, ниту пак има било каква изјава од него за "случајот".
Од толку специјализирани порталчиња за спорт во државата ниту еден "новинар" не побара изјава од Јошко, а напраја од целиот овај случај сапуница невидена.
Каде бе алооо? Вака екипа ќе прат, греој...Не можи ти да му плаќаш на еден тренер и тој да е над екипата.
Никој да не го контролира шо прај, како се однесува?За шо добива пари Јошко?
Шо клуб сме ние ко не знајме ништо шо се прај во екипата?
Се знај која е улогата на тренинзи, водење на екипата на тренинг и на натпревари и то е се, не можи тренерот да прај шо сака, не е ова училишна екипа.
Како шо не можат ни играчите да се над тренерот и над управата, ама кај нас се можи, оти да не можи.
Можи управата да носи играчи без да го праша тренерот, можи тренерот да брка играчи без амин од управата, оти не му се бендисвале, и то на штета на клубот, да се плаќат солени пари за оштета за предвремен раскин на договор оти тој шо ги донесол појма немал шо прај, клубот е оштетен за еден куп пари од нечие неодговорно работење, и никој не одговара за штетата, а треба да одговара зошто наши пари се фрлат, за шо, да се плаќат пари за џабе, да се покријат плати на некојси Зејак, Вук ( тој десниот бек )
, Иранецот итн, за да земат пари за работа шо не ја одработиле
.
Зошто? Зошто некој ги договарал, без да знај шо прај, им понудил плати и сега некој треба тие плати да ги исплати...
Е па у курац нека оди и екипа и се. Со тие пари екипа ќе напраевме, ние во ветер пари исфрливме и никој не одговара за ова.
После губиме од Бутел, од Пролет, ќе ни прај мајтап Тексот од Охрид, со 5 пати помал буџет не гази секоја година.