Многу ја давите темата со непотребни муабети...
Не знам од Циле навака дали некоја управа се погодила како шо треба до сега. Јас можам да кажам дека секоја управа шо иди е полоша од претходната, и така успесите скалесто се снижуваат само. Спире и компанија беа избркани на клоци, а да седниш да размислиш овие шо се во клубот се ко деца во куси пантолони спрема таа управа. Ефтовци не ги рачунам, то беше банда и среќа е шо клубот некако опстои цело време.
Никој до сега никогаш не бил ни на распит за евентуални матни бизниси шо ги правел во клубот... Така да можиме ние овде да трубиме до утре ако се истурени милиони народни пари изминатите 20тина години, се е џабе.
За тие (тој) шо овде пробват да го исчистат од калта Пискачо... Не знам шо толку позитивно се случи во негово време, уствари и ништо не се ни случи. Клубот имаше исти дресој 4 сезони, распар тренерки, продефилираја играчи кои не можеа ни да сонват дека еден ден за Пелистер ќе играт. Тие бајки со Двојката ко му пиша писмо во СЕХА да не примат, Голужа шо беше договорен и дека сега ќе тргни реката... Мислам дека видовме сите колку се остварија. За жал никој жив не разбра колкава плата имаше спортскиот директор то време.
Моменталната управа... Некои од овие се држеа и со Пискачо под рака, само се прешалтаа и со Корлето. Дека има глупости, има. Сите овде се свесни за тоа и сите критикуваат. Истоварија еден магацин дрвосечачи, фрлија сериозна пара на сертификати само, го остаја Томче кој искрено ни сам не знаеше шо прај и кои играчи ги носи. Пробват со Јошко да се извадат, веројатно ќе ги сиктеросат повеќето од тимот и ќе донесат нови играчи.
Од позитивни работи се опремата, младинските категории, просториите на клубот...
Ама сето ова е многу многу далеку од тоа како треба еден сериозен клуб да функционира. Тоа шо мене лично најмногу ми смета е шо делуваат ко сојуз на комунисти. Као демек сите се криви кога не оди и сите чувствуваат одговорност, а то уствари никој не работи ништо па ајде ќе се шлепаме. Секој во клубот е директор за нешто... Ако не оди пример маркетингот, тогаш извини фиљан ама ти со ова појма немаш, стани замини си ќе дојди некој шо разбира на твое место. Само така клубот ќе оди напред, а вака сите дури се кријат и мавкат со некој документи ала Шојиќ... исто двајсе.
Треба да си раскрстиме еднаш самите дека ние изминативе 16-17 години сме се освен некаков си бренд. Не можи бренд да е клуб кој сврти милион играчи и скоро сите ги закрпи за пари. Не можи бренд да е клуб кој игра во сала без никакво греење. Да не збораме дека не сме освоиле ништо од 2005та и како е тргнато ниту ќе освојме во догледна иднина.
Џабе е на секоја добиена утакмица да се чукаме по гради овде дека ете го Металург готов е да падни и на секоја изгубена да се јавуват ликој на кои им фали Пискачо (кој исто народни пари вртеше во клубот патем).
Шо се однесва до мене, јас би забранил и не би остајл денар дупен да се дава во клубојте од народните пари. Или аматерски нека функционираат или ако има некој приватник нека ги финансира. Синкир се е под конец дотерано во државата па сега дојдоја на ред клубојте да се финансират... Драпајси мео.