Полека бе луѓе, шо очекувавте вчера јас не знам, да тепаме?
И шо ако изгубивме, ни менва нешто? НЕ, тотално неважна утакмица, ревијална.
Во постава со Киро и Томи игравме 2/3 од утакмицата, со Везенио тотално аут од утакмицата, Митиќ беше изгубен во просторот, и пак тука бевме.
Тие нека му ја думат, оти на еден ваков
ОТЕПАН ПЕЛИСТЕР не му ја наполнаја мрежата, ама и тие не се ништо посебно, а имат дузина искусни играчи и репрезентативци, сегашни, бивши итн.
Му се тресеја рачињата и нив.
Вчера и на толку топки, зицери шо фатија нивните голмани и пак му бевме цело време на врат.
Да влезеа тие две топки на празен гол при нерешен резултат на Резо и -1 на Мартин друго ќе беше, вака тие фатија серија, и се одлепија, па се заредија грешките.
Имавме шанса, играч појќе, џабе, ко немаше кој да ги разигра крилата, а тие ни беа најдобар дел од екипата вчера, не само Резо, туку и Бојанчо искина вчера, максимум дава другарчето, секоја утакмица.
Дека немавме игра, немавме, дека немаше концепција, посебно во напад немаше, во одбрана на моменти бевме ок,ама имаше голема промаја во централен блок.
Не можи бе Папата и Киро, 100 години играт ракомет да не можат еден нормален блок да напрат на средина, да не знат кога треба или не треба да се излези на средниот бек, да се изремети нападот, вчера 80% од голојте ни ги стегнаја со шутој од средина, или Пинки укрстваше, или Пецако, не отепаја, а таму треба да е најгусто, а не беше.
Не знам стварно кој ја прај трансфер политиката на клубот, кој одлучва кој да дојди, па не можи бе во ваков ракомет шо се игра денес, со шутерски екипи кои имаат играчи да ти шутираат од 11,12 метри ти да немаш еден ебан двометраш шо знат да се постави.
Постарите ќе се сетат, екипата на Маковеј од 2002, со Јоноски, Ќани на средина, е такви ни требат, или барем еден таков, да игра со Темо на средина, а Чуриќ да игра или на 5ка или на 2ка.
Не можи со таква поставеност на одбраната ние да чекаме да му тргни на голманите, не можи, то е.
Овде никој не ти помага, ако сака и Врањеш да дојди за тренер џабе е.
Џабе се крева тензија, и да изгубат со Охрид не е страшно.
Важно е да се види дали ова екипа можи или не можи во плеј оф.
А таму дали сме биле 3 или 4ти не е важно.
Пласман во Европа, ЕХФ куп, та е целта.
Се друго е лажна надеж.
А ако сакат за догодина нешто појќе, ќе мора да се напрај сериозен ремонт, треба да се напрај сериозен рез во екипата, не можи ти во екипа да имаш 4 голмани,4 леви крила, а да немаш резерви за ниту еден од бекојте, да немаш централен дефанзивец.