Пак иста приказна ко со комшите, реално со ова екипа нема шо да бараме, без Темо нема шо да чекаме некоја си игра со 30 гола, ако не примаме над 23,24 гола ќе имаме некоја шанса во плејоф, ако не ќе биди лошо, толку е силата, никој не можи да замери за борбеноста, максимум дават децата на терен гинат.
Иста игра, исти акции, без идеја, упорно се барат пикерите, така и тепавме денес, доста топки се фрлија накај пикерите, требаше појќе да закуцат, наместо то ни свирнаја 10 пенали, 3 љуфнавме,појќето и беа пенали, за Охрид не свирнаја неколку пенали, да сме реални, и имаше неколку двојбени топки шо ни ги дадоја, поклони, со право реагираше публиката, и нормално Андоновски и тој помошнико( сеа само го немаше капчето).
Мартин и Томи беа носителите, секоја чест за двајцата, најстабилни ни беа, Мартин фати се шо требаше да го фати, плус неколку зицери на почеток на меч, пенал, и на крај фати две, три тешки топки, посебно последната, ко бевме со играч помалце заради безвеза исклучвање на Везениот, добар агол имаше Пискало, ама Мартин добро го затвори, знај да се постави, секоја чест, мора да му се дај на детето шанса, не џабе да се трупат голмани онде, сосема непотребно е да имаш 3 голмани на клупа, а да немаш резерви на бек
.
Томи, кое бате
, дава гол урла, го бацва амблемот на дресот, ( мора да има нешто битолско во детево, нема шанси да е поинаку)
, 2 пенали закуца ладнокрвно, ( пред то 3 панали љуфнавме), гол од мртов агол закуца цо второ, и во прво закуца еден тежок гол од десен, 5или 6 гола на крај, со многу добра реализација,браво.
Шо не можи да се речи за другите, Митиќ 2 или 3 гола даде, 10 промаши, многу е паднат во форма, ( или толку му е силљта) !?,а му застанат на блок и му затворат простор и агол ги шутира од страв 5 метра над гол
, послаб е на дуел игра, ќе мора да се попрај, оти тешко ќе оди.
Жарко стандард, неколку гола со соло акции, добар е во дуел игра, ќе мора да се користи појќе во напад, заедно со Темо, Везенио не можи појќе од 30 ина минути.
Киро на крај даде можи клучен гол
, ја закуца ладнокрвно за 20-18, па една статива погоди, и то како ја погоди,
па после се тресевме до крај.
Реално требаше нерешено да заврши, не заслужија пораз Охриѓани, пак се солидна екипа, само далеку се од прошлите сезони., се гледа и од нивните реакции, во криза се ( финанска, иначе да останеа сите странци од лани ќе не шлапаја и нас и комшите).
Да имаја десен бек ќе беа доста опасна екипа, вака чкрипат ептен таму, и речиси појќето грешки и промашвања беа од таа позиција.
Вака тешко дека ќе изненадат со комшите, а со нас ќе биди пак држ не дај во плеј оф.
Добро е шо се тепа, ама ако не се попрај нешто драстично во играта, и не се врати Темо на терен ( иако физички е на терен со екипата, ама не го клават) реално е то 4то место, да не се лажиме и да се занесваме, се над 4то место е успех за ова екипа, ама пак ко ќе види чоек дека нема некоја врска дали сме 3ти или 4ти, пак двете екипи одат ЕХФ Куп, а таму нема слаби екипи, па ако немаш екипа ( некоја налик на нормална) ќе си испадниш уште во октомври.