Страшна иднина ќе имаме, честитки и шо побрзо да ги гледаме во првиот тим. Ова ни треба да функционира школата, школата е подлога на тимот, треба само да се надополни тимот со странци кај шо ќе бидиме тенки на таа позиција.
Хаџиќ е нешто налик на Фитиљо овие две утакмици, 24 гола

Страшен талент е дечкото, треба јак договор праење, да не го гибни некој, освен со салам оштета.
Во идеалната седморка имаме тројца играчи

Покрај Хаџиќ, тука се и крилото Лозановски и левиот бек Марковски.
Останати интересни играчи се Буторац (се надевам нема да заврши како другиот Буторац), Архангел Трсунов дечкото подолго време гази и овај ќе биди доста добар мора овие играчи задржвање, плус на позиција која во иднина и тоа како ќе ни е потребна за во првата екипа.
И секако Мелин Фехми голманот, искина на двете текми, после Митревски мислам во најава ни иди следен јак голман да имаме од Битола !
п.с. Едно прашање за тие шо ги следат помладите категории, пред некоја сезона имаше едно дете Пецаковски дали во кадати беше, сега можда е префрлен во младинци или кај некој од другите тренери, доста добар беше од таа генерација, делеше од сите по квалитетите, ако работат уште со него, треба на готовс да имаме уште еден од школата.