Фан клуб: РК Пелистер

Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Следна утакмица Сабота или Недела во скопје сала Расадник Тинекс пролет- Пелистер
Треба да забележиме победа над Пролет лани 5 разлика тепавме:toe:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Тешко ,според мене невозможно едека ќе добиеме во Расадник сега.
Пролет е доста добар тим,посебно на нивни терен,а со оглед како ги игра Пелистер последните мечеви-не очекувам ништо освен пораз.
Моралот на екипата е доста паднат последниве неколку утакмици!!!:kesa:
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
ДЕЧКИ СПРЕМАЈТЕ СЕ ПОПОЛЕКА УШТЕ 7-8 ДЕНА ДО НАТПРЕВАРОТ СО ВАРДАР ВО БИТОЛА ИМА ДА СЕ УРЛААААААА!!ОЧЕКУВАМ ПОВТОРНО ТОЛКУ ПУБЛИКА САЛАТА ДА Е ПОЛНА ДО ПОСЛЕДНО МЕСТО

ДОБРО БЕ ШО СЕ ЗАМИСЛУВАТ ОВИЕ ОД ФЕДЕРАЦИЈАТА???! ЗНАЈТЕ ЗА ШО ВЕЛАМ
 
Z

ziko bt

Гостин
се очекваше во купот за полуфинале да ни падни еден од фаворитите за купот 3 сезони со ред истата приказна е инаку околу одржвањето на завршницата поарно ке биди да се игра на неутрален терен отколку во Скопје ако е на неутраен се ми се чини попосетени би биле утакмиците
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.302
Поени од реакции
5.209
Шо напрајвме со Тинекс Пролет ???
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Не се играше овај викенд заради настапот на репрезентацијата на турнирот во Тунис.
Лигата продолжува во среда,гостување во Расадник против Тинекс Пролет.
Недела во Битола е утакмицата со Вардар,мечот почнува во 18 часот.
 
Z

ziko bt

Гостин
Тинекс-Пелистер 29-30 следната со Вардар да се надеваме дека играчите ке бидат доволно мотивирани да му пружат каков таков отпор за да поглеаме интересна утакмица
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Изненаден сум од победата над Пролет,:bravo:за ракометарите,и без носителите на играта Златко Димитровски и Александар Зарков се вративме со 3 бода од Расадник.
Традицијата на добри игри против Пролет продолжува,ова е 4та победа оваа сезона против нив.
Недела од 18 и 30 го пречекуваме Вардар.
Се надевам на добра атмосфера,и барам приближна посета како есента кога на мечот со Вардар имаше над 4000 публика.
Сигурно и во недела ќе има добра посета,и добра атмосфера.
Битола и покрај се шо се случува во клубот го сака ракометот,и РК Пелистер сеуште има огромен број на навивачи.
Не се сомневам дека играчите ќе имаат силен мотив против,впрочем нивната мотивација никогаш не била доведена во прашање сезони,и покрај то шо Пелистер не е на некогашното ниво,и не е на нивото на Вардар,сепак очекувам машка игра од наша страна,ако изиграат и 80% од она шо го покажаа на првиот меч во Битола Пелистер има големи шанси за победа,тогаш само судиите ни ја украдоа победата,Вардар никао со игра не го победи Пелистер:tapp:
Се надевам дека луѓето од РФМ нема пак да се срамат и да пуштат судии кои ќе судат пристрасно за Вардар:kesa:,да судат по директива дека по секоја цена мора Вардар да го добие Пелистер во Битола,реално Вардар е доста поквалитетен тим,никој не го негира тој факт-и не му треба помош од судиите.:nenene:
Нека покажат на терен дека се подобри,тогаш никој нема да има замерки за победата,а не да гледаме таква судиска бламажа каква шо беше во 9 коло,и да ги вадат судиите од салата со цел одред полицајци,ако има фер судење никој нема да се замара со судии:tapp:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.239
Поени од реакции
8.018

edinstevno samo sudiite mozat da ni ja zewmat pobedata
Напред Пелистер !!!
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.542
Поени од реакции
5.772
Ќе не има во така поголем број, барем ?

Се гледаме во Младост:helou:
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
А зошто Заре и Цревото не беа скопје. Златко е суспендиран 1 натпревар и ке игра со вардар А цревото мислам дека ке ја води екипата а Заре дали ке игра????
п.с. заборајв сега ми текна дека цревото на работа е ама заре- ама недела ке игра
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.302
Поени од реакции
5.209
Пак истите судии како оние од минатиот пат ЧАВДАРОВ :nesvest::nesvest::nesvest::kesa:
 
Z

ziko bt

Гостин
и најверојатно ке се добие прв поквалитетен клип од Чкембарите во сала и сеа останва уште играчите да изиграт како претходната утакмица да видите како се навива во Битола :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.239
Поени од реакции
8.018
БИТОЛЧАНИТЕ ГИ ОДНЕСОА БОДОВИТЕ ОД "РАСАДНИК" И ГО ОСТАВИЈА Т. ПРОЛЕТ ВО ТРКАТА ЗА ПЛЕЈ-АУТ
Пелистер до бодови во фото-финиш
ТИНЕКС ПРОЛЕТ - ПЕЛИСТЕР 29:30 (13:17)
Сала: "Расадник" во Скопје. Гледачи: 250 Судии: Николовски и Колевски. Делегат: Металари
Т. Пролет: Кутаноски, Чаневски, Цветковски, Горгиевски, Спасовски, Димовски 2, Младеновски 7, Петковски 1, Кузманоски 11, Посоловски 3, Матлиески 2, Николиќ 2, Стефанов 1, Јовановски
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 6 мин.
Пелистер: Ѓоргиевски, Ивановски, Тосковски, Николовски 1, Јанкуловски 3, Грујовски, Атанасовски 5, Димитровски 1, Везенкоски 9, Унчевски 4, Петковски, Стефановски, Илиевски 1, Митревски 6
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 12 мин.

Со голот на Везенкоски постигнат на 5 секунди до крајот на мечот Пелистер минимално (30:29) го совлада Т. Пролет во "Расадник" и го остави скопскиот тим и натаму во неизвесна трка за избегнување на место кое носи играње плеј-аут за опастанок во Супер-лигата.
За Тинекс Пролет овој меч беше од далеку поголемо значење отколку за битолчаните на кои практично им е загарантирано играње во европски куп следната сезона. Без казнетиот Златко Димитровски и без Александар Зарков, со помошниот тренер Борче Марковски на клупата, на прв поглед не изгледаа премногу амбициозно, но во текот на натпреварот се разгореа страстите и мечот доби и поинаков тек и поинаков интензитет, а искуството и "инаетот" на битолчаните дојдоа до полн израз.
Резултатски првиот дел беше тесен, со играње гол за гол, иако не премногу интересен за гледање.
Двата тима покажаа и добри и слаби страни. Т. Пролет водеше на почетокот, во првата половина од полувремето. Пелистер израмни првпат на 5:5, гол за гол се играше и во следните 3-4 напади, а по 7:7:, скопјаните направија неколку грешки во напад во серија, беа казнети со контранапади и Пелистер полека ја презема контролата врз резултатот. Тинекс имаше 10:11 по 20-тина минути игра, но тогаш почнаа да грешат домашните по што Пелистер отиде и на плус 5 (10:15). До крајот на полувремето, домашните анулираа само гол, а по 30 минути игра на семафорот стоеше 13:17.
Очекувано, далеку повеќе возбудување понуди второто полувреме. По десетина минути игра, Пролет стигна на минус 2 и тогаш почна вистинската битка.
Горан Кузманоски со два гола по ред му донесе егал на Пролет (23:23), но скопскиот тим почна да игра неумешно и тоа го врати назад Пелистер во предност. Голманот Тосковски влезе во одлична серија, одбрани 5 шута по ред, но кога серијата ја прекина Кузманоски од седмерец, на семафорот беше само плус 5 за Пелистер.
Времето минуваше, мечот влезе во последните 3 минути со водство од два гола за Пелистер, но тоа беше вовед во најинтересниот дел од натпреварот. Битолчаните премногу невешто се обидоа да го задржат времето, па во последните два напади им беше покажана пасивна игра уште во моментот кога тргнуваа од центарот. Згора на с$ оправдано останаа и со 4 играчи во поле, а и голманот Чаневски на спротивната страна имаше 4 интервенции по ред. Пролет стигна, израмни, а последната интервенција на Чаневски беше на 20 секунди до крајот. Битолчаните, сепак, имаа повеќе среќа. Одбиената топка двапати се враќаше кај нив, а во продолжението на последниот напад, Везенкоски на пет секунди до крајот ја погоди мрежата на домашниот тим и му ги донесе бодовите на Пелистер.

СУПЕР МАШКА ЛИГА
22. КОЛО
МЕТАЛУРГ - ПРЕСПА 42:20
ВАРДАР ПРО - ЗЛАТЕН ДАБ 30:23
ТИНЕКС ПРОЛЕТ - ПЕЛИСТЕР 29:30
В. В. ТИКВЕШ - МРК ВАРДАР 38:23
ТАБЕЛА
1. Металург 22 21 0 1 77:484 63
2. Вардар Про 22 19 0 3 707:505 57
3. Пелистер (-1) 22 13 0 9 552:545 38
4. В. В. Тиквеш 22 12 1 9 614:610 37
5. МРК Вардар 22 9 0 13 641:665 27
6. Тинекс Пролет 22 7 1 14 596:627 22
7. Златен Даб 22 6 0 16 564:663 18
8. Преспа (-1) 22 0 0 22 458:804 -1
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
НАЈНОВА ВЕСТ!!! ВАРДАР КЕ ИГРА БЕЗ 5 ИГРАЧИ И ГИ ВИКАЈА НАШИТЕ ДА ОДАТ ДА ИГРАТ ВО СК АМА ГИ ОДБИВМЕ И КЕ СЕ ИГРА ОВДЕ
НАЈВЕРОВАТНО ОД ИГРАЧИТЕ ШО НЕ КЕ ИГРАТ СЕ МАКАЛО, ПЕШИЧ И ПИНКИ и УШТЕ НЕКОЈ МОЖИ - НЕ МЕ ФАКАЈТЕ ЗА ЗБОР ЧАРШИСКИ МУАБЕТ Е ОВА АМА СЕИГУРНОИ КЕ ИГРАТ БЕЗ 5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom