Фан клуб: РК Пелистер

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
746
Поени од реакции
1.337
.......на 10 секунди до крај се ака од земја чоек, се добива 2 мин. или црвен истеква времето и етети резултат!!!! Ќе кажеше Цауро на времето.....
А сега со набилдани и истетовирани дечки шо само личат на мажишта а се како мачиња :facepalm: .

Се супер...1961 ќе го прими со Фитиљо али да немаме одбрана то не можи да се сфати...
А вие воајерчиња ситете се...Ќе ви дојди крајо наскоро.....
 
Член од
26 март 2022
Мислења
246
Поени од реакции
774
Има причина зошто не е полна салата?
10 од 10 битни утакмици изгубени до мечот со Сегед. Супер куп изгубен, првенство влегваме со мањак бодој, 0-0-7 скор во ЛШ и цена на карта од 450-550 денари. Среќа продадоја 1.500 сезонски карти, иначе ни пола од ова немаше да го има.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
767
Поени од реакции
3.191
Има причина зошто не е полна салата?
Големи очекувања пред почетокот на сезоната, и уште поголеми разочарувања. Поразот во суперкупот, катастрофалната игра во ЛШ и капак на се беше последната со Вардар дома кога се вративте од -9 . То е тој македонски менталитет иако до негде и ги разбирам луѓето. Нажалост немаме англиски менталитет кога тимот ти е на последно место стадионите да се полни.
Кузмановски ќе биди одлично засилување.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.160
Големи очекувања пред почетокот на сезоната, и уште поголеми разочарувања. Поразот во суперкупот, катастрофалната игра во ЛШ и капак на се беше последната со Вардар дома кога се вративте од -9 . То е тој македонски менталитет иако до негде и ги разбирам луѓето.
Разбирам се тоа, ама салата не е толку голема, мислев дека ќе бидат попосветени луѓе после толку години ЛШ, штета да не е полна салата секој натпревар.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.239
Поени од реакции
8.015
То Богдан не му иди умот ама колку шо е тој крив толку се и тренерите за ебање златно дете го испустивме за еден кловн !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
870
Поени од реакции
1.051
То Богдан не му иди умот ама колку шо е тој крив толку се и тренерите за ебање златно дете го испустивме за еден кловн !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Не е само клубот крив и публиката е, ние Битола се палиме на такви играчи, шо ќе ја 'купи' публиката, ќе ги крени рацете, малце атмосферата и то е то, него практички и загарантирано му е местото оти нели "публиката го сака". Штета за Костески. 40% салата празна, нема објава за резултат, нема изјави, иначе денес не сакатија судиите ама ФАКТ е дека многу треба да се работи на одбраната како и шо стојам на то дека Бранче не е тренер калибар за Пелистер и за очекување дека ќе одиме напред. На Кисум не му оди ништо првото не го менва, на Тајник му се крева формата влегва минимално и уште многу детали кој прат целина. Важно, наградни игри нема .

Кузмановски ОДЛИЧЕН, се надевам дека ќе биди големо засилување.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.143
Поени од реакции
6.592
Не памтам кога полоша сезона резултатски сме имале од оваа. СЕ СЕ шо можеше СЕ ИЗГУБИВМЕ. 8 Лш порази и 3 порази од вардар(иако едниот е победа,рамен на пораз е). За лошата посетеност(официјално 2000 публика имаше вчера) криви се резултатите, но крив е и клубот. Знам дека проекцијата за цена од 450/550 ден за карта е одредена да биди и фер за тие шо ќе купат сезонска. Знам дека не е најфер баш спрема тие шо купиле сезонски сега да ги намалат цените, НО, останати мерки можите да донесите. Многу имаше реакции дека е скапо ако доаѓат татко/дете/жена, на пример за деца до 10 години со родител слободен влез. Ете декси вика наградна игра, на полувреме да се извлекува среќен добитник дрес да се поклони, итн..Идеи, можности има безброј, треба да се има само војља за реализација на истите.
М А Р К Е Т И Н Г НУЛА!!!! Не е само објави цената(која патем сите ги револтира) и чекај полна сала. Мора малку клубот да се потруди околу анимација на публиката. Никаква забава, никаков штанд НИШТО АМА БАШ НИШТО нема. Дали изгубија елан за работа, дали воопшто немат чоек шо ќе ја покрени работата или шо е проблемот не знам. Па фирми со 40/50 и повеќе вработени имаат ангажирано луѓе за тим билдинг, за да смислуваат активности итн за да одржуваат атмосфера во фирмата. На клубот тоа треба да им биди еден од приоритетите, играчите, вработените во клубот, школата, навивачите, градот да дишат како еден. Многу, многууу е потфрлено на ова поле. Не само потфрлено, туку НИШТО НЕ СЕ РАБОТИ.
И нормално, менталитетот е битен. Погоре имаше ептен на место реченица, ништо не успева ко успех. Ние сме скрос на спротивната страна, веќе четврт месец БЕЗ НИЕДЕН УСПЕХ. И народот го сфаќам, не можи секој да е болен по спорт, не сака секој безусловно. Еден, два, три, пет порази ќе прости, ама 11...шо е многу е многу.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.238
Поени од реакции
11.498
Не сум сигурен баш, имам одено и на Пелистер кога играле европа пред 10 год, и на Вардар еден куп утакмици ама мислам дека Вардар - ПСЖ беше поефтино од 500 ден. Прилично сум сигурен.
И сеа вие имате 7 од 7 порази, 0 атмосфера и сте пукнале карти од 500 денари. Епа ќе биде празна салата.

Да не навлегуваме во детали, дека скопје е 10 пати поголем од Битола, и мн полесно е да платат и да наполнат сала.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
559
Поени од реакции
3.021
Не памтам кога полоша сезона резултатски сме имале од оваа. СЕ СЕ шо можеше СЕ ИЗГУБИВМЕ. 8 Лш порази и 3 порази од вардар(иако едниот е победа,рамен на пораз е). За лошата посетеност(официјално 2000 публика имаше вчера) криви се резултатите, но крив е и клубот. Знам дека проекцијата за цена од 450/550 ден за карта е одредена да биди и фер за тие шо ќе купат сезонска. Знам дека не е најфер баш спрема тие шо купиле сезонски сега да ги намалат цените, НО, останати мерки можите да донесите. Многу имаше реакции дека е скапо ако доаѓат татко/дете/жена, на пример за деца до 10 години со родител слободен влез. Ете декси вика наградна игра, на полувреме да се извлекува среќен добитник дрес да се поклони, итн..Идеи, можности има безброј, треба да се има само војља за реализација на истите.
М А Р К Е Т И Н Г НУЛА!!!! Не е само објави цената(која патем сите ги револтира) и чекај полна сала. Мора малку клубот да се потруди околу анимација на публиката. Никаква забава, никаков штанд НИШТО АМА БАШ НИШТО нема. Дали изгубија елан за работа, дали воопшто немат чоек шо ќе ја покрени работата или шо е проблемот не знам. Па фирми со 40/50 и повеќе вработени имаат ангажирано луѓе за тим билдинг, за да смислуваат активности итн за да одржуваат атмосфера во фирмата. На клубот тоа треба да им биди еден од приоритетите, играчите, вработените во клубот, школата, навивачите, градот да дишат како еден. Многу, многууу е потфрлено на ова поле. Не само потфрлено, туку НИШТО НЕ СЕ РАБОТИ.
И нормално, менталитетот е битен. Погоре имаше ептен на место реченица, ништо не успева ко успех. Ние сме скрос на спротивната страна, веќе четврт месец БЕЗ НИЕДЕН УСПЕХ. И народот го сфаќам, не можи секој да е болен по спорт, не сака секој безусловно. Еден, два, три, пет порази ќе прости, ама 11...шо е многу е многу.
Кога ви кажувавме тука дека народот во Македонија многу брзо се заситува од успех и дека сите се "експерти" и бираат кога и на која утакмица ќе одат, односно бираат да е Барса, Кил, ПСЖ, а на помалите натпревари едноставно не сакаат или им е скапо и слични муабети, вие се смеевте и викавте во Битола тоа не може да се случи, најракометен град итн итн... и тоа кај нас полу празна коа била, пак имало најмалку по 3500-4000 во сала а изгледало дека е полу празна салата. Не зборам да се ситам, си освоивте титула поштено си заслуживте ЛШ да си играте, греота е да се игра во полупразна сала, поготово што чекавте толку години, али народот кај нас е тој, менталитетот е тој, без разлика дали Скопје, дали Битола... нормално, влијае и тоа што многу порази ви се собраа, ама не е оправдување и кај нас и кај вас треба да е полна сала секоја утакмица не само за дерби...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom