- Член од
- 27 мај 2018
- Мислења
- 903
- Поени од реакции
- 1.553
Ништо не успева ко успех..Има причина зошто не е полна салата?
Ништо не успева ко успех..Има причина зошто не е полна салата?
10 од 10 битни утакмици изгубени до мечот со Сегед. Супер куп изгубен, првенство влегваме со мањак бодој, 0-0-7 скор во ЛШ и цена на карта од 450-550 денари. Среќа продадоја 1.500 сезонски карти, иначе ни пола од ова немаше да го има.Има причина зошто не е полна салата?
Големи очекувања пред почетокот на сезоната, и уште поголеми разочарувања. Поразот во суперкупот, катастрофалната игра во ЛШ и капак на се беше последната со Вардар дома кога се вративте од -9 . То е тој македонски менталитет иако до негде и ги разбирам луѓето. Нажалост немаме англиски менталитет кога тимот ти е на последно место стадионите да се полни.Има причина зошто не е полна салата?
Разбирам се тоа, ама салата не е толку голема, мислев дека ќе бидат попосветени луѓе после толку години ЛШ, штета да не е полна салата секој натпревар.Големи очекувања пред почетокот на сезоната, и уште поголеми разочарувања. Поразот во суперкупот, катастрофалната игра во ЛШ и капак на се беше последната со Вардар дома кога се вративте од -9 . То е тој македонски менталитет иако до негде и ги разбирам луѓето.
Кај @Simev дома се, ги редат мајка му и сестра му.Има причина зошто не е полна салата?
Кај @Simev дома се, ги редат мајка му и сестра му.
Не е само клубот крив и публиката е, ние Битола се палиме на такви играчи, шо ќе ја 'купи' публиката, ќе ги крени рацете, малце атмосферата и то е то, него практички и загарантирано му е местото оти нели "публиката го сака". Штета за Костески. 40% салата празна, нема објава за резултат, нема изјави, иначе денес не сакатија судиите ама ФАКТ е дека многу треба да се работи на одбраната како и шо стојам на то дека Бранче не е тренер калибар за Пелистер и за очекување дека ќе одиме напред. На Кисум не му оди ништо првото не го менва, на Тајник му се крева формата влегва минимално и уште многу детали кој прат целина. Важно, наградни игри нема .То Богдан не му иди умот ама колку шо е тој крив толку се и тренерите за ебање златно дете го испустивме за еден кловн !
Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Кога ви кажувавме тука дека народот во Македонија многу брзо се заситува од успех и дека сите се "експерти" и бираат кога и на која утакмица ќе одат, односно бираат да е Барса, Кил, ПСЖ, а на помалите натпревари едноставно не сакаат или им е скапо и слични муабети, вие се смеевте и викавте во Битола тоа не може да се случи, најракометен град итн итн... и тоа кај нас полу празна коа била, пак имало најмалку по 3500-4000 во сала а изгледало дека е полу празна салата. Не зборам да се ситам, си освоивте титула поштено си заслуживте ЛШ да си играте, греота е да се игра во полупразна сала, поготово што чекавте толку години, али народот кај нас е тој, менталитетот е тој, без разлика дали Скопје, дали Битола... нормално, влијае и тоа што многу порази ви се собраа, ама не е оправдување и кај нас и кај вас треба да е полна сала секоја утакмица не само за дерби...Не памтам кога полоша сезона резултатски сме имале од оваа. СЕ СЕ шо можеше СЕ ИЗГУБИВМЕ. 8 Лш порази и 3 порази од вардар(иако едниот е победа,рамен на пораз е). За лошата посетеност(официјално 2000 публика имаше вчера) криви се резултатите, но крив е и клубот. Знам дека проекцијата за цена од 450/550 ден за карта е одредена да биди и фер за тие шо ќе купат сезонска. Знам дека не е најфер баш спрема тие шо купиле сезонски сега да ги намалат цените, НО, останати мерки можите да донесите. Многу имаше реакции дека е скапо ако доаѓат татко/дете/жена, на пример за деца до 10 години со родител слободен влез. Ете декси вика наградна игра, на полувреме да се извлекува среќен добитник дрес да се поклони, итн..Идеи, можности има безброј, треба да се има само војља за реализација на истите.
М А Р К Е Т И Н Г НУЛА!!!! Не е само објави цената(која патем сите ги револтира) и чекај полна сала. Мора малку клубот да се потруди околу анимација на публиката. Никаква забава, никаков штанд НИШТО АМА БАШ НИШТО нема. Дали изгубија елан за работа, дали воопшто немат чоек шо ќе ја покрени работата или шо е проблемот не знам. Па фирми со 40/50 и повеќе вработени имаат ангажирано луѓе за тим билдинг, за да смислуваат активности итн за да одржуваат атмосфера во фирмата. На клубот тоа треба да им биди еден од приоритетите, играчите, вработените во клубот, школата, навивачите, градот да дишат како еден. Многу, многууу е потфрлено на ова поле. Не само потфрлено, туку НИШТО НЕ СЕ РАБОТИ.
И нормално, менталитетот е битен. Погоре имаше ептен на место реченица, ништо не успева ко успех. Ние сме скрос на спротивната страна, веќе четврт месец БЕЗ НИЕДЕН УСПЕХ. И народот го сфаќам, не можи секој да е болен по спорт, не сака секој безусловно. Еден, два, три, пет порази ќе прости, ама 11...шо е многу е многу.