Денешен Дневник кажва дека Кире Поповски ќе бидел помошник тренер/играч, Дејан Унчевски, Бојан Георгиевски, Игор Трајковски, отстапени на РК Битола.
Подобро таму, отколку овде да трчкарат на тренинг само. Чим Дејан го отстапуваме, значи Василе останва шо е добро, Бојан итака беше прекуброен, Ѕверот полека полека станва Папата втор дел
.
Незнам шо се замарате со новинарите... Спорт кој ќе му фрли коска одма трчат и пишат за него, за мене најобјективни весници (за спортот) се Дневник и Вест. Порано Скок пишеше за нас, но и општо за сите и беше добар весник, ама замре.
Јас купвав редовно Спорт до 2006та негде, кога почнаа да плукат по РК Пелистер дека бил срам за македонската јавност после поразот во Загреб, и што уште не... Тогаш сфатив дека подобро е тие 20 денари да ги искинам отколку да ги полнам со пари некои си платеници таму.
Разочаран сум и од медиумите во градот. Пишани речиси и непостојат, Меди како успева уште да работи незнам
, Тера можи да направи една спортска емисија достојна, доста е со тие нивни фенси емисии во кои викаат некои си пропалици кои се кочоперат кој се и шо се... Орбис не ми е мемориран. Освен некакви си глупави вести, певачици и ретардирани емисии друго ништо нема. Славчо за една гајба кисела вода можи да кажи за тебе дека си новиот Меси, или дека турнирот во незнам каде бил најдобро организиран... Кај шо има пари ко магнет е залепен. Мене ме нервира и ме вади од такт тоа што ниеден новинар не е критички настроен кон ништо... Фудбалот пропадна, кошарката пропадна тие си дремат, па Вардар, МЗТ, Работнички... Немаше ден, сат да не напишат или да не кажат дека великаните изумираат, овие за Пелистер баш ги заболе изгледа. Брука.