Бодче, бодче кој ти го дава.
Премија беше минимален пораз од оваа утакмица, по таков развој на настаните во прво, бод е веќе сензација.
Зато Стипе толку среќно тропаше во соблекувалната по утакмица, од радост.
Го бива за тапанар.
По аматерскиот, скандалозен почеток покажаа дека барем минимално ги заслужуваат енормните плати шо ги земаат ( за МКД услови ).
За Европа треба далеку појќе.
Иста приказна како со Ним, само тука успеавме некако да ја пребродиме таа криза.
Ете и Ним покажа дека не е екипа од која треба да се тресат сите во групата.
Ако имаш самодоверба можиш да го тепаш секој.
Арно ама за нашите не важи ова.
Треба да губат со 8 разлика во 20та минута за да се разбудат и да се вратат во реалноста, дека не играат со Пролет, Бутел и Скопје 2010.
Добро е шо и Кадетен грешеше во второ, ги принудивме да играат индивидуално, да шутираат од неизградена позиција.
Се затвори средината, почнаа да играат погрубо малку и одма се виде разликата.
Во прво полувреме имаше кратери на лево крило и на пикер.
Чиста среќа шо нема Шафхаузен некој широк ростер на бековска линија, посебно на десен бек, ако не се лажам не ни дадоа гол од десен бек, на поставена зона.
Не успеаа да ја држат разликата, плус се повреди Марош и тука паднаа.
Малку и среќа на крај со погрешната измена, инаку ако напаѓаа до крај сигурно ќе го влечеа Швајцарците нападот до крај.
Кога сме кај последниот напад.
Добро бе, имаат идеја, тактика ШО ПРИ ВАКВИ СИТУАЦИИ?
Изгледа НЕ.
20 секунди до крај, имаме 2 ( два ) играчи појќе во поле.
Исто ко со Вардар на турнирот во Струга.
20 секунди до крај и за малку немаше ни удар да упатиме кон гол, со 2 играчи појќе.
Греој, си ја подават Периќ со Мандалиниќ топката, небаре на тренинг 15 секунди.
Ја фрла Периќ без врска до Маџоски топката, овај од пусти страв наместо да влегва, имаше АГОЛ КРАТЕР, ја враќа назад.
Од немајкаде зеде Периќ ја акна.
Каде бе, во најгустиот дел од одбраната се пикаме, идеја никаква, движење никакво, стојат играчите, статисти, ни движења, ни промена на места, ништо, а имаме 2 играчи појќе.
Арно шо немаа доволно играчи Швајцарците во поле, да напрат само еден прекин на игра.
И толку ќе беше од успехот на Бабиќ.
Како беше насмеан, небаре ЛШ освои.
Куртули царо, шо ти е среќа ко ќе имаш..