Добар трансфер според мене !
Паметен потег на управата, ова ме бендисва, шо уште од сега ја кројат екипата, реално и од сега се прај тим, а не како години наназад на
една недела пред почетокот на лигата баравме јутјуб играчи од типот на молдавци, украинци и третокласни срби и црногорци и тие на видејата напраени небаре Никола Карабатиќ во најдобрите денови ! После дојди овде, гол ниту со кошаркарска топка не можеа да клат...
Друга работа, добро е шо се даваат договори на подолг период, Кизиќ е потпишан на 3 години, не како порано знајте во на кој времето, договори на 3 месеци, или максимум 6 месеци, синкир ова е платена пракса, ела истренирај летото и на зима фати си џадето, ретко кој играч изиграл цела сезона, со исклучок на битолчаните и староседелци во лигата шо заглавиме во Македонија. Муабетот ми е дека се работи сериозно и заличивме на клуб, а не на кокошарник, добро е шо се има план за во иднина и се гледа напред!
Кизиќ 3 години, Мандалиниќ, Мараш, Периќ и Кушан по 2, Хендави 1,5 година, Костески исто околу 2.
Се надевам дека за брзо ќе излезат во јавност уште двете договорени засилувања, мора да се прај од сеа екипата, претпоставувам се играчи од бековските линии (лев и среден), мора да се најдат бек ап играчи за Мандалиниќ и Периќ, претерано се трошат овие двајца, ги цеди по 55-60мин, Мандалиниќ склон на повреди е, а Периќ последните 15 минути ги игра загушено, мора по малку да се одмараат...
Добро е шо не спијат на брашното и бараат играчи, оти конкурентот за титула од Скопје, веќе има договорено 5 засилувања...
За Кизиќ, ќе кажам уште некој збор.....
Го пратам подолго време, уште кога беше во Вардар Јуниор, тогаш беше и малолетен 16 години сигурно имаше од тогаш имаше солидни партии и знаев дека ќе го биди детето, знај да се постави, добро се отвора, одлично затвора агол од крило, ги има сите предиспозиции за еден солиден, солиден голман.
Се сеќавам на една утакмица во Битола, против Јуниорите, со само 16тина години имаше двоцифрен број на одбрани, не сакати тогаш, еден куп зицери скина, а по одреден период излегоја муабети дека Пискачите го контактирале за наводно трансфер во Пелистер, ама ништо, не се договориле највероватно.
Ми беше една од желбите да се проба детето тука, ама мислев ќе остани верен на Вардар, ама парите се прават
Ама и реално заслужва поголема шанса и минутажа, таму окапи на клупа...
Остана тогаш уште некоја сезона во младиот тим, пред да биди префрлен во сениорите, тогаш тренер на голмани во вардар Дејан Периќ, знајме кој сенс го има Периќ за голмани, го зеде Милосављев од Војводина или Партизан мислам беше, па преку Вардар да замини во Фуше Берлин, за Гедбан да не зборам, го куртули од Алжир па сега да замини да брани во Адемар во Шпанија, муабетот ми е Периќ ако видел дека нема квалитети детето, сто пати ќе го шутнеја до сеа...
Така да трансферот е на место ! Еден поискусен и еден помлад голман и двата репрезентативци....
П.С. Не знам оти, ама и јас мислам дека Орката ќе биди следен трансфер кај нас
Се надевам дека грешам, ама се некако ми оди дека него ќе го довлечкат Битола