Ќе биде чудо ако ги задржиме Талески и Томовски,да бидеме реални и двајцата имаа одлична сезона.
Со формата што ја одржуваа цела сезона не ни заслужуваат да играат само во Суперлига и сигурно имаат понуди од дааалеку поквалитетни тимови од Вардар во моментов,секако и многу подобри финансиски.
Пред се тука мислам на Бундеслигашите,пошто двајцава имаат веќе искуство со играње таму,го знаат јазикот така да сигурно барем 5-6 клубови се во игра за нив.
Засега нема ништо за нивно заминување и ако се одлучат да останат во Вардар стварно респект за нив,ќе станат дефинитивно едни најголеми миленици на публиката.
Останување на Тале,Томовски,Столе,Џомба,Куни итн е рамно на она останување на Дел Пиеро и компанија кога Јувентус беше исфрлен во втора лига.
Кој ќе остане сега во Вардар треба да се почитува како легенда на клубот,зошто нема да најдеме никаде играчи со таква лојалност.