Фан клуб - РК Вардар

Коњаникот е цар, со уште еден дечко од екипата тражеа карти и за 10 евра му било прескапо наместо да лапнат 2 карти одеднаш, вртеа уште саат-два за да најдат карта за другарот :D :D :D
Од каде ова бре? :pos:
Апсолутно не е точно, првата карта ја најдовме уште на доаѓање, од навивачи на Веспрем во трамвај или воз :D
За втора карта не можевме никако да најдеме, имаше едно кретенче германско што шпарташе како удрен и ги имаше сите карти на светот купено и ги препродаваше за 350-400 евра :D

Оставам простор да имаше некои карти на нет кои не ги купивме дека биле скапи хаха
На крај, една за 100че, другата за 150че :D
 
Од каде ова бре? :pos:
Апсолутно не е точно, првата карта ја најдовме уште на доаѓање, од навивачи на Веспрем во трамвај или воз :D
За втора карта не можевме никако да најдеме, имаше едно кретенче германско што шпарташе како удрен и ги имаше сите карти на светот купено и ги препродаваше за 350-400 евра :D

Оставам простор да имаше некои карти на нет кои не ги купивме дека биле скапи хаха
На крај, една за 100че, другата за 150че :D
Се има збунето нешто, за картите на нет стануваше збор. Мислам дека беа по 130-140 евра ама не ги земавте пошто истите беа 75 евра регуларна цена :D

Да не заборавиме да спомнеме уште еднаш дека Стефан Стоилов е најголем сељак во цела Македонија можда и пошироко. (ako citas picko uste vazi ponudata 1 na 1). :kuracc:
 
Се има збунето нешто, за картите на нет стануваше збор. Мислам дека беа по 130-140 евра ама не ги земавте пошто истите беа 75 евра регуларна цена :D

Да не заборавиме да спомнеме уште еднаш дека Стефан Стоилов е најголем сељак во цела Македонија можда и пошироко. (ako citas picko uste vazi ponudata 1 na 1). :kuracc:
Koj seljak treba da bidesh za da na dete pomalo od tebe 15-20 godini da mu kazhesh kje ti gi iskrsham zubite hahahahahahahah.
Ama tatko mu dobro mu ja vrati: kjuti be, za brat ti navivaat da ti ebam mater. [emoji3] ps: majkata na stole stoeshe do tatko mu hahahaha
 
Па, не сме толку уверливи како што се пуваме :D
Јас не сум толку опуштен пред тој последен дуел, особено што знам дека во моментов Металурзиве влечат кон Битола и ќе изиграат јако.

Од друга страна, на што ср радувавме пред 2 години, а какви калкулации правиме сега...
Автоматски споено мислење:


Ќе јаде рапушки, кога тогаш :D

Се врзале со Зоки од гол.мк, па после битолчани ќе зборат за пристрасен новинар. Уште се смеам за насловот кога Тиквеш влезе прва лига, ВЕЛИКАНОТ СЕ ВРАЌА ВО ПРВА ЛИГА. Кој црн великан, да не веа во подем Лозари, никој немаше да знае дека постои клубот.
Eheeej za Zoki se znae, pa plus im najavu a tamo na razglas.. On pišuva se što ke mu se kaže od taa familija.. Jasna e pričata :) Zatoa sum kažal nekolku pati ne se letajte na toj portal.
 
хаУс за малце ќе се дигнеше и паркетО тој ден
 

Attachments

  • A2B22057-0B3B-45BC-8D12-D65E6E007FBB.jpeg
    A2B22057-0B3B-45BC-8D12-D65E6E007FBB.jpeg
    1,2 MB · Прегледи: 60
  • B0D6A093-14BC-4504-B3C6-F31CC38440AE.jpeg
    B0D6A093-14BC-4504-B3C6-F31CC38440AE.jpeg
    1.011,5 KB · Прегледи: 62
  • D9B3AA39-46C7-4C21-8F7D-DA0541DC6AC5.jpeg
    D9B3AA39-46C7-4C21-8F7D-DA0541DC6AC5.jpeg
    1 MB · Прегледи: 62

Еве што сум кажал тогаш :D
Сума сумарум, би издвоил уште неколку детали од моја перспектива:

1. На аеродром заглавивме ради мене, немав апликација од Визер, а мртвиот мобилен не можеше да ми го отвори меилот од јаху, од основно, преку кој ги имав купено картите. Се направи колона, едвај го убедивме тој мртвакот дека Ајндховен ни е само пролазна станица и одиме на ракомет.

2. Беше доцна за да одиме пешки до автобусот за Келн, па моравме да фатиме такси. Ваљда убери ги викаа. Ме наместија да седам до шоферот, некој арап, што врска немаше што е ракомет. Морав да правам муабет цел пат. Он ми набројува тимови фудбал од прва холандсака лига, а јас можам до 4-та лига да му ги набројам :pos:

3. @The Accountant мислам дека беше, немаше среќа во автобусот. Еден кинез го стана од местото дека и он имаше карта за таму. Им објаснуваше дека секој може да седи кај сака, ама џабе. Неколку пати го станаа :pos: Оставам простор да се работеше и за некој друг.

4. Немавме карти со другарот, па немавме време ни до смештај да одиме, затоа што првата утакмица беше за два часа. Имаше некој муабет, лабаво ќе сме нашле карти. Кур мој, милион македонци, унгарци, пољаци, карти ни за лек. Ама, ги свртевме едни Унгарци на сожалување, ни ја шитнаа картата од 300 на 100 евра уште во трамвај.

5. Втора карта ни за лек. Додека тече полуфиналево меѓу Веспрем и Киелце, надвор Македонија во мало. Ечат патриотски песни, дијаспорци пуштени на најако, додека 30-тина Комити коваме план како ќе се навива и како ќе се бараат карти. Другиве влегуваат во сала на полувреме. Јас и другаров одиме пред сала и љокаме со едни Полјаци. Се направивме камења. Сите чекаме да ги нападнеме тие што ќе изгубат, за да им земеме картите (блок карти беа). Губи Киелце, 500 Македонци им прават напад за да им ги купат картите. Тикетс, тикетс, тикетс. Ама курац, не даваат. Сепак, јас пуштен на најјако, одам по еден Полјак 500 метри и го замарам, гледам се двоуми. Ја шитна за 150-че.
Пола од нашите не влегоа, другите влегоа муфте, правеа превари.

6. Се договоривме Комити да бидат во првите три реда, а другите што регуларно си купиле карти за секторот наменет за навивачите на Вардар, да имаат трпение и да одат погоре. Ама, Македонче ко Македонче, се собравме милион луѓе во место за 300. ГО отворив полуфиналето со инцидент со обична публика, оптерав една фамилија дијаспорци во курац, дојде полиција да не избрка дека бевме премногу и морав да бегам по скалите. Откако се скарав со фамилијава, дојде еден од мажите и ми се извини и ми рече дојди меѓу нас, да не те избрка полиција. Ни бараа да покажеме дека картите се стварно од таму. Се погоди еден редар кој гарантираше дека нема да правиме инциденти и дека и вака нема да сметаме на другите. Се позициониравме, фативме да навиваме.

7. Прво полувреме крах. Седам надвор на полувреме, Шпанци ми скокаат околу мене. Пцујам се живо и диво, кој ме натера да купам карта, ти ебам среќата, ти ебам животот. ИМАШЕ МУАБЕТ ДЕКА ЌЕ ЈА ШИТНАМ, али во рамки на шпекулациите хаха

8. Второ полувреме зџастанувам со тие со кои ќе се тепав. Па Македонци сме, па вака, па онака. Вардар ја врти. Сеќавање 0. Дупка во меморија, знам само дека беше урнебес, ќе паднеше трибината. Како од филм, да бев јас режисер, немаше подобро да режирам. Веројатно поголема радост, само ако ми се роди дете во животов. Се гушкаме со тие што ќе се тепав, се спојуваме надвор со другите, лудило околу сала. Качени по бандери, урлање уште саат време. Пеевме накај смештај после тоа. Во сала им пеевме ПУТА БАРСА на крајот, ни дадоа аплауз шпанците.

9. Од смештајот би издвоил неколку моменти. Овие нбеа во иста соба, а ние бевме со некои странци. Под мене спиеше Индијка, која ја аргасав, откако со најсмрдливите чорапи и стапнбав на сантим од главата. Стана, кашлаше, веројатно пцовиса, затоа што не ја видов веќе. По освоената титула, доаѓаме мртви, за 3 саати треба да одиме назад, а другаров штрака на месинџер со вклучен глас. Ќе му скокнев преку два кревета. Доле еден мртов Боливиец, гледаше пријателска Боловија со не знам кој, во 3 вечерта.
Имавме заедничка кујна. На @The Accountant му се закачи Јапонец кој му го дрвеше за Македонија и Грција. Го отера во три лепе, дури мислам и на германски збореше. Јапонецот ни зема од лебот кој ние си го имавме купено. Затоа на последниот ден му ја испив цела кока кола со негово име :pos:
Вечерта по полуфиналето, чекам ред за веце, ќе се посерам. Саат време никој не искача, а непрекинато на месинџер збориме со @Клипче и @Комита Ултрас. На крај викам, абе пукнав, некој има во вецево (две вециња) и никој не искача. Погодете кој беше внатре? <3

10. Финалето го гледав на истото место, заедно со истата фамилија. На крај фамилијава испадна дека се Битолчани. Овие другиве ќе се тепаа со братчето на Столе. Му го вреѓале Манасков. Скандирале МАЈМУНЕ :D Штета ја пропуштив дешавкава. Ради тоа што не седев со нив, сум пропуштил разни гризења по рамо и други дешавки. Дијаспорците се посебна приказна, цел нет на светот го потрошија, пола од нив одеа лајв на ФБ цел натпревар.

11. Пред финале, @Клипче правеше хај-фајв со Мицко. @VardarVoSrceto ќе скокал во фонтана, ИЗЛАЖА. По финале, сите одат пред хотел, ние пееме низ Келн. Седнавме во еден паб на маса до Пастор мргудот. Едни Унгарци не испровоцираа, па им вративме со @VardarVoSrceto. Се уќутеа, па им ја рокнавме Маџарица млада од мобилен и на одење ни ракоплескаа. Ни правеа шпалир хаха
Додека да сфатиме дека има журка пред хотел, кога стигнавме веќе беше при крај. Ама @The Accountant фати топка и им продаваше ракометни финти на луѓето. Вртена од зглоб ко Дибиров.

12. Дел од нас се враќаа од Ајндховен. Не оставија со другаров да спиеме надвор, пошто они имаа земено соба кај некоја бабетина која не даваше други гости. Мислевме ќе спиеме на аеродром, курац, отворал во 5 сабајле. Најдолгата вечер во животот, мртвило на улиците после 12. Само црнчуги шетаат и ти нудат weed :D пробавме да се шверцаме во бус до аеродром, не сакаше да тргне шоферот, 5 минути се извинувавме и си плативме како попчиња. Објаснувањето ми беше КАЈ НАС НЕ СЕ ПЛАЌА ПРЕВОЗОТ до аеродром.

п.с. колку пиво се испи, повеќе пари отидоа за пиво отколку за се' останато.
п.п.с. кога одевме кон Келн, не истоварија во Дизелдорф за да се префрлиме во воз. Не оставија сред некоја парада за поддршка на геј популација. Да го исправам @VardarVoSrceto. Не беше класика педер бал, туку разни тинејџери облечени во ЛГБТ бои. Решивме да преќутиме, ама ете...
п.п.п.с. ако не отидев на овој турнир, ќе се јадев до крај на животот.
 
Последно уредено:

Овде пишува дека утре се игра натпреварот со Металург, на резултати пишува 3.06 (четврток). Некој точни информации ?
 
И на сајтот на РФМ стои дека мечот е утре од 19:00, така да ќе да е утре. Се надевам дека ќе влеземе максимално сериозно утре, без никакви калкулации, штедење и потценување. Не е толку наивна екипа Металург во моментов, но реално се потпира на не повеќе од 3-ца или 4-ца играчи. Не дека ние сме сјајни во тој поглед, но имаме поголема длабочина од нив и тоа мора да се искористи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom