Абе, Кокшаров може се позиционира за главен тренер, па си вика, лошо ќе биде да изгубам од Војводина, макар и во ваков натпревар. Војводина годинава е појака од претходни.
Мене не ми се допаѓа кај Кокшаров тоа што збореше за Писонеро. Не била таа-таа играата на Вардар, го немал тој шмек. Превзема он, го попи 9 разлика. После натпреварот - не ми е јасно што се деси. Сеа - имаме многу нови играчи, треба време, ќе се вратат повредените, друго ќе биде после, најбитното од февруари почнува.
Па, како овие аргументи не важеа за Писонеро? Дури и во тоа интервјуто за брзцентар викаше - "на Писонеро му било понудено да биде помошник или да си оди. Он прифатил да биде помошник. Но, мене искрено не ми е јасно како ќе функционира тоа." Па на овој Писонеро во тоа шпанското интервју му го спомнуваат интервјуто на Кокшаров во брзцентар. Го набедија човеков (Писонеро) ко некој неспособен да е. А го доби Монпеље во гости, кој игра баш добро сезонава. Безвезе го изиграа по една катастрофална утакмица.