Незнам зошто се создаде некоја паника во клубот,не е лоша ептен ситуацијата,се деси поразот со Кил ама јбг идеме даље,само еден пораз имаме во ЛШ.
Од друга страна незнам што очекуваа од управа дека ќе направиме со овој состав,поголемиот дел од играчите немаат никакво искуство со јаки натпревари и се донесени од клубЧИЊА.
Кугис од 3та Бундеслига,Гедбан од Алжир,Пелко од 2ра Австриска лига,Атман со 32 години и 500 повреди во последните 2 сезони.
Незнам што очекуваа за сезонава,до Јуни незнаевме дали ќе постоиме,сега амбиции некои покажуваме,сред лето не се прави тим.
Крајно глуп потег е да се смени Писонеро сега,мислам дека тој е најмалку крив во ситуацијава.
Незнам како мисли Кокшаров дека ќе донесе играчи и тренер на сред сезона ама ајде,најверојатно ќе довлечка некои Руски бекови што нема ништо да променат,што воопшто не ми се допаѓа.
Тие Руски леви бекови што ги споменувате Комогров,Санталов,Деревен се на рамниште на Талески ништо повеќе,еднинствено Шукурински е добар,ама нема шанси Мешков да го пушти сега,без оштета норамлно.
Косоротов може има потенцијал ама моментално е далеку од нешто озбилно,нема да е од никаква корист во моментов,може за во иднина да го планираме.
Во моментов нема многу бекови на располагање,единствено некој отпад да собереме како лани Диско што дојде,на памет ми паѓа оној Жалуз во втора лига Француска е,можно е да го земеме ако запнат.
Џамали што беше во Веспрем,сега во Романска лига е,топ е дечкото.
Ракотеа од Веспрем на позајмница е негде во Франција,може да пробаат на позајмница да го донестат до крај на сезонава,имаше шпекулации уште пред некое време ама не испадна ништо.
За сите сега е прашањето дали ќе ги пуштат,сите се под договор,требаше нашите да мислат порано за вакво нешто.
Останува да туркаме до Јануари вака па после да видиме што може,сега е залудно.