Во 2018, Вуко беше еден од нашите најдобри, ако не и најдобар играч пред да си отиде. Не се збори за него многу за таа титула во 2019, ама во првиот дел од сезоната играше одлично за нас. Криштопанс беше лош, па од февруари се запали он. После и во Веспрем на почеток беше страшен Борозан. Ама се работи за недисциплиниран играч, кој неколку години не играл врвен ракомет. 2022/23 сезоната мислам дека и си ја преседе, здрав, а не играше никаде. Отиде во Црна Гора, го избркаа поради недисциплина. И тука беше познат дека знае да не дојде на тренинг, да се изгуби на некој ден, и сл.
Јас мислам дека многу тешко да се врати од оваа точка. Дај боже да грешам, пошто е талент човекот. Ама мислам дека му отиде возот него, и дека ова е лош трансфер.