Едно резиме засега.
Голман: Мартин Томовски (26), Васил Гогов (23)
Лево крило: Марко Срдановиќ (25), Марио Стојановски (19)
Десно крило: Гоце Георгиевски (36), Дарко Ѓукиќ (29), Ален Ќосевски (22)
Пикери: Михаил Аларов (26), Милан Лазаревски (26), Стефан Атанасовски (24)
Лев бек: Марко Мишевски (24), Хансер Родригез (23), Стефан Петриќ (22), Матија Николиќ (22), Нилтон Мело (20)
Среден бек: Мартин Карапалевски (23), Косуке Јасухира (23)
Десен бек: Томи Јагуриновски (25)
Се очекува да потпишеме десен бек, веројатно тој шпанецот за кој се шпекулираше вчера.
Дополнително, кубанецов Хансер Родригез се смета за ол-раунд играч кој може да игра и како среден бек, но и како лево крило. Веројатно токму тој и Срдановиќ се планираат да играат на оваа позиција, а младиот Стојановски да покрива.
Премлад состав имаме, ако ги тргнеме Георгиевски и Ѓукиќ, сите други се 26- со годините.
Од бековите, просекот ни е по 23 години.
Од клубот си заминаа скоро сите играчи кои беа поискусни и првотимци, освен Томовски. Си заминаа Моралес, Талески, Дутра, Добрковиќ, Велко Маркоски, Чувара, Столе и Борко во пензија.
Не знам што да се очекува од новиве играчи. Пример, Срдановиќ на 25 години нема некоја завидна кариера. Играл во Металопластика и имал едно интернационално искуство во Леотар. Некогаш бил младински репрезентативец на Србија.
Матија Николиќ е млад ракометар, кој играл во Шкофја Лока претходно.
На Нилтон Мело ова му е прво посериозно искуство, претходно стагнирал како дел од Спортинг Лисабон. Наводно бил добар во младинската репрезентација на Португалија.
Кубанецов Родригез е кубански репрезентативец, со искуство во Спортинг Лисабон во ЛЕ.
Петриќ го знаеме од СЕХА лигата, беше доста солиден во тие неколку натпревари што ги видовме лани.
Јасухира некако ми е најголема надеж, иако и он нема некое завидно искуство. ВО Висла Плок дал 7 гола во ЛШ, претходно играл во Франција. Не е репрезентативец на Јапонија.
Претпоставувам дека во прва постава ќе играме со Петриќ како лев бек, некој од Јасухира и Карапале на среден, Томи на десен бек, доколку не успееме да потпишеме некого на таа позиција.
Исто така, проблем е што немаме одбранбени играчи, ќе беше добро бар Велко да го задржиме. Вака само Мишевски е одбранбен, а ги знаеме неговите способности. Претпоставувам дека Аларов/Лазаревски ќе му прават друштво во одбрана. Не знам од новиве како стојат со одбранбени квалитети.
На пикер мене Лазаревски ми е подобар играч, но како и да е, ниту тој, ниту Аларов не се некој европски калибар на играчи. За Атанасовски е излишно да се коментира. Не забележувам напредок кај него.
По мое мислење, далеку послаби сме од лани и тешко е да се очекува некој успех. Не ги знаеме играчиве, можеби ќе се погоди некој, ама ептен сме детска градинка, така успех не се остварува. Да имавме и некој тренер на клупата, ќе кажев дека може ќе научат нешто играчите, вака не верувам.