Фан клуб - РК Вардар

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.450
Поени од реакции
1.784
Замена за Куни на десен бек има ли нешто на повидок?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.564
Не знам зашто ама имам такво претчуство дека младиов Португалец има да искине во Вардар.
Врз база на што го темелиш мислењево? :D

Мене играчов ми е тотална непознаница. Дури на 2-3 портали гледам со различно име го пишуваат. Некаде е Виктор, некаде Нилтон или како и да беше.
Тоа што бил младински репрезентативец на Португалија може да значи нешто, но сепак, нема шанси да е подобар бек од Тале.
Интересни се трансфериве на Петриќ и Мело. Имаат талент веројатно, да видиме што ќе покажат.

Сепак далеку ќе биде од некоја видна улога во првенството, бидејќи Пелистер носи одлични засилувања. Не се на ранг на нашите од порано, али тешко би ги изненадиле со ваков состав.

Нема никакво соопштение од клубот. Кој го скаутира играчиве? Кој ќе биде тренер? Кој ги носи баш нив? Кои играчи ќе останат? Какви се плановите во иднина?
Класика Михо однесување :D
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
532
Поени од реакции
1.811
Го темелам на тоа што ќе сака да се докаже, мислам дека ќе имаме конкурентен тим. Мислам на тим што ќе им ги мрси сметките, а за некоја година мислам дека и ќе го имаме истиот тим што му зема титула на металург пред да дојде Самсоненко.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Многу се ризик малди играчи. Огромна разлика има на кадетско ниво да си добар и на некое повисоко лигашко. Треба да си врвен талент одма да се снајдеш. Србинов ај, 22 години, има играно во Србија, и делуваше океј. Ама овој португалецов е анонимус. Не може со вакви играчи против сериозни екипи, да бидеме реални.
 
Член од
31 август 2021
Мислења
314
Поени од реакции
1.682
Во кој контекст го спомнува Вардар?
Изиграва Червар, copy paste Минчолург стратегија. Демек Алкалоид се македонски проект. А дотичниот рекол дека Вардар и Кометал биле добар пример дека кога ќе снемало пари, ја снемувало и љубовта на странците кон клубот и си бегале. Веќе видено
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Член од
31 август 2021
Мислења
314
Поени од реакции
1.682

Иако не ми е јасно, ако снема пари кај него во клуб, од онака ќе работи, од љубов таму? Прв ќе си отиде.
Да беше така ќе беше во Овче Поле, не кај Живко у скут. Демагог,политичар, говно од човек
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.554
Поени од реакции
8.135
Изиграва Червар, copy paste Минчолург стратегија. Демек Алкалоид се македонски проект. А дотичниот рекол дека Вардар и Кометал биле добар пример дека кога ќе снемало пари, ја снемувало и љубовта на странците кон клубот и си бегале. Веќе видено
Тешки будалаштини. Се губи во изјавите, и како селектор на Македонија и како тренер на Алкалоид тресе зелени. Прво се брука со изјави дека сме као Норвешка на крај на првенство да се посере и да исплука на се што изјавил. Оваа изјава не сакам да ја коментирам. Прво Алкалоид е далеку од Македонски проект, со Бинго, Гурбиндо и не знам уште колку ќе дојдат. За неколку македонци секој ќе има во тим, така да далеку е Алкалоид од македонски проект. А кога ќе снема шушки не бегаат само странци туку и македонци. Истиот тој Алкалоид, во моментот кога би престанал да финансира Жика не би постоел. Не само што би избегале сите од странци до македонци, него би го немало на карта. Киро е шупелка која со вакви изјави се обидува да ја купи онаа „патриотска публика“ која навива за екипа која е актуелна. Да се зголеми малце базата, вака се само вработени во аптеки и фамилии на ракометари. Со вакви изјави од шупелкава тој тим ќе биде повеќе омразен и од Металург у многу брзо ќе заврши на буниште, а Лазаров ќе биде првиот кој ќе фати магла.
 
Член од
24 мај 2022
Мислења
59
Поени од реакции
229
Според информациите на 24Ракомет, станува збор за левиот бек Ансер Родригез, кој има 21 година и беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак.


Родригес беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80%. Неговата репрезентација славеше во финалето против Кипар со 28-18.

Уште десен бек само и ќе имаме солиден тим за наредна сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom