Слаби сме, немаме ротација, а богами ни квалитет. Плус играме без стручен штаб, сигурно никаква анализа на противници немаме, се цепа така на искуство на дел од ракометарите.
Јагуриновски е борбен во одбрана, игра со срце, ама за напад е слаб. Гоце тотално вон форма, а замена немаме. Ќосевски ако не се лажам заработи некоја тешка повреда и подолго време ќе отсутствува.
Без Моралес таа десна страна е непостоечка.
Тале, Манасков и Столе се лидери во тимот. Дутра засега не се снаоѓа, ама не ни добива шанса. Личи како изгубен германец, а и општо странциве ми личи ко да не ги играат многу. Како одметници ми се во составов. Не сум сигурен дека ќе изгради некоја кариера кај нас.
Тешко да издржиме во долго првенство. Гледам првенството тек во средина на април почнува. Wtf???
Пауза од декември до април...
Пелистер е распад систем во моментов во поглед на атмосфера, ама дотогаш ќе се скрпат.
Играчки секако се убедливи фаворити според мене, а шансата беше да ги потепаме во ваква ситуација, на еуфорија и на еден куп повредени игра и лоша атмосфера во нивниот тим.
Не сум многу убеден дека имаме квалитет за да бидеме шампиони на крајот.