Фан клуб - РК Вардар

Член од
17 август 2014
Мислења
3.752
Поени од реакции
6.157
Којзнае што сум гледал, затоа ми неше нелогично.
Линк од целиот распоред има на страната на РФМ?
Сениорски лиги – Ракометна Федерација на Македонија (macedoniahandball.com.mk)
Уште 14 утакмици во плеј оф од кој со Пролет и Пелистер 2 би требало да се тренинг 4 натпревари.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
638
Поени од реакции
3.413
Слаби сме, немаме ротација, а богами ни квалитет. Плус играме без стручен штаб, сигурно никаква анализа на противници немаме, се цепа така на искуство на дел од ракометарите.
Јагуриновски е борбен во одбрана, игра со срце, ама за напад е слаб. Гоце тотално вон форма, а замена немаме. Ќосевски ако не се лажам заработи некоја тешка повреда и подолго време ќе отсутствува.
Без Моралес таа десна страна е непостоечка.
Тале, Манасков и Столе се лидери во тимот. Дутра засега не се снаоѓа, ама не ни добива шанса. Личи како изгубен германец, а и општо странциве ми личи ко да не ги играат многу. Како одметници ми се во составов. Не сум сигурен дека ќе изгради некоја кариера кај нас.

Тешко да издржиме во долго првенство. Гледам првенството тек во средина на април почнува. Wtf???
Пауза од декември до април...
Пелистер е распад систем во моментов во поглед на атмосфера, ама дотогаш ќе се скрпат.
Играчки секако се убедливи фаворити според мене, а шансата беше да ги потепаме во ваква ситуација, на еуфорија и на еден куп повредени игра и лоша атмосфера во нивниот тим.
Не сум многу убеден дека имаме квалитет за да бидеме шампиони на крајот.
Ќосевски не е повреден, денес беше во состав, ама некако многу игра со страв натпревари од поголемо значење… Томи е добар и во напад, денес изнуди доста пенали, пробивен е… и не сме лоши во поглед на ротација, каде каде повеќе играчи имаме во моментов него на почеток на сезона… плус ова е почеток, може само на подобро да оди формата, според мене сме први фаворити за титула, поготово ако остане Манас…
Не знам зошто мислиш дека пелистер се подобри, баш напротив последниве сезони никогаш немале послаб тим и полоша атмосфера.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.758
Бековската линија ја прави разликата. Моралес премногу отсутствува годинава. Лани на среден бек го имавме и Додиќ, па и Гаџа, сега сме само со Карапале и неискусниот Добрковиќ. Ги имавме и Њокасите.
Плус, лани го имавме Дејвис, Бутинот е тотално во аут, не ми влева надеж.
Според мене, на хартија имаат многу подобар состав, многу поголема ротација на бекови, иако имаат проблеми со повреди.

Не знам од каде толкав песимизам кај нив дека ние сме биле толкави фаворити...
 
Член од
1 август 2015
Мислења
1.105
Поени од реакции
2.383
Не сум у тек, дали се знае дали Вардар ќе може да игра у ЛШ догодина у случај да биде шампион?
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Битолчаниве да си изгубат од Нексе утре, па после во лига имаат натпревари со Бутел и Алкалоид. Ако остане кај нив лоша атмосфера и повреди, може да се лизнат на некоја од тие, проблем што со другине фармацевти тек за две ипол недели играат.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
978
Поени од реакции
1.624
Не сум у тек, дали се знае дали Вардар ќе може да игра у ЛШ догодина у случај да биде шампион?
не сум сигурен мислам дека и оваа сезона шампионот игра ЛШ ама ..
 
Член од
13 август 2019
Мислења
638
Поени од реакции
3.413
Бековската линија ја прави разликата. Моралес премногу отсутствува годинава. Лани на среден бек го имавме и Додиќ, па и Гаџа, сега сме само со Карапале и неискусниот Добрковиќ. Ги имавме и Њокасите.
Плус, лани го имавме Дејвис, Бутинот е тотално во аут, не ми влева надеж.
Според мене, на хартија имаат многу подобар состав, многу поголема ротација на бекови, иако имаат проблеми со повреди.

Не знам од каде толкав песимизам кај нив дека ние сме биле толкави фаворити...
Се слагам, со Дејвис на клупа и барем со Додиќ на среден, глатко ќе се прошетавме до титула… Ама мислам дека и вака ќе биде добро, ќе се уиграат, има време.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
1.105
Поени од реакции
2.383
Се додека клубот не расчисти финансии, не гледаме ЛШ.
Па нели лани као демек закасниле со уплата некојси две недели и не им прифатија ЕХФ. Сега ваљда нема такви проблеми. Како и да е, да земеме титула, па шо сака нека биде.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
638
Поени од реакции
3.413
Не знам кој и колку примети, тука најмногу од сите мислам дека го имаме критикувано, али Тале каков Вардарец и Комита стана алал вера... После мечот сите песни пеење, химната од почеток до крај, славење на сите голови накај Комити и ред други работи, ако одбраниме титула, за Михо приоритет бр.1 ќе треба да биде да остане дечкото. Се гледа дека Столе имал големо влијание кај него :D
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Па нели лани као демек закасниле со уплата некојси две недели и не им прифатија ЕХФ. Сега ваљда нема такви проблеми. Како и да е, да земеме титула, па шо сака нека биде.
Имаше некое инфо, мислам дека од g-sport, дека некои нови долгови биле пријавени :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.758
Па нели лани као демек закасниле со уплата некојси две недели и не им прифатија ЕХФ. Сега ваљда нема такви проблеми. Како и да е, да земеме титула, па шо сака нека биде.
Има долгови, не се подмирени старите долгови од Самс, толку ни е финансиската моќност.
Ако нема нови спонзори покрај Михо, пак нема да играме во Европа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom