Фан клуб - РК Вардар

Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.354
Поени од реакции
3.982
Колку губиме денес? :D
Абе нормално е да се надевам дека ќе победиме, ама Пелистер има таква шанса што не верувам дека ќе си дозволат да ја пропуштат. Ние титулата ја прокоцкавме во Скопје. Очигледно и многу посериозно ја сфатија утакмицата, тимот им е во карантин. А кај нас е такво расуло, никој нема продолжен договор, не знаеме колку од првотимците се повредени, уште драчеецон пак ако влезе у серија ќе кркаме и 4-5 парчиња разлика.
Дај боже да грешам, ама некако не чувствувам никаква позитивна енергија.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.454
Поени од реакции
1.792
Денес од колку саат е утакмицата со Еурофарм и на кој тв канал ќе ја даваат?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.621
Поени од реакции
70.275
Абе нормално е да се надевам дека ќе победиме, ама Пелистер има таква шанса што не верувам дека ќе си дозволат да ја пропуштат. Ние титулата ја прокоцкавме во Скопје. Очигледно и многу посериозно ја сфатија утакмицата, тимот им е во карантин. А кај нас е такво расуло, никој нема продолжен договор, не знаеме колку од првотимците се повредени, уште драчеецон пак ако влезе у серија ќе кркаме и 4-5 парчиња разлика.
Дај боже да грешам, ама некако не чувствувам никаква позитивна енергија.
Ни П од позитивна енергија, распад систем сме.
Наликува натпреваров на оној со Металург, кога го преземавме приматот. Они имаа цел прв тим повреден.
Типувам дека ќе загубиме 28-20.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Со оглед на моменталната ситуација, веројатно е и подобро второ место и следна сезона играње во Ехф куп место во ЛШ...
 
Член од
31 август 2020
Мислења
410
Поени од реакции
1.293
Со оглед на моменталната ситуација, веројатно е и подобро второ место и следна сезона играње во Ехф куп место во ЛШ...
Така ќе дојде до тотален распад и на екипата и на навивачите и на се , ако е така дај и у Кале да се вратиме
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.747
Поени од реакции
6.165
Со оглед на моменталната ситуација, веројатно е и подобро второ место и следна сезона играње во Ехф куп место во ЛШ...
Без разлика што ќе се случи денес ама Пелистер нема ништо подобар состав од Вардар,така ако гледаме ќе треба ни едните ни другите да не играат ЛШ,кој и да игра ќе има на 80% од натпреварите порази,реално има многу квалитетни екипи од Европа и конкуренцијата е се поголема,ете и Скандинавциве почнаа да фрлаат доста пари,Алборг и Колштад за некоја година ќе се борат за титула,плус тука се Барса,ПСЖ,Кил,Веспрем,Киелце,Сегед,Фленсбург итн.

Реално со овие буџети што ги имаат Вардар и Пелистер самиот пласман во ЛШ е голем успех.
Сепак денес се игра пред се за титула во првенство,па после се друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom