Толку е од титулата.
За прв пат бев УБЕДЕН дека ќе тепаме и тоа со висока разлика и загубивме на крајот. Без Периќ не тепаа, тоа е се што треба да се знае. Со факинг Танкоски.
Помотивирани беа, немаа ден нашите голмани и Дејвис ги покажа своите слабости во најлошо време.
Кај Дејвис приметив дека знае да се губи во случај кога нема план Б. Во цело прво полувреме не побара тајм аут, на крајот имавме среќа што заминавме само со -1 разлика на паузата. Го приметив со Загреб дека знае да снема идеи. И тогаш експериментираше со некои бош постави, па ни се посреќи да украдеме некоја топка, Тале да збесне и да ги тепаме, инаку пак он ќе беше главен виновник за поразот.
А денес е виновник број еден. Го критикував Вујо кога требаше, а сега и он заслужува целосна критика.
Го играше Борко 35 минути. Ниту една одбрана немаше или некои минорни 2-3 одбрани од неизградени ситуации.
Јасно ми е дека Борко мора да игра пошто он ни наоѓа пари за оваа сезона, ама сепак, кога не му оди толку време, мораше да го смени. Повторно експериментираше со поставите. Во еден момент кога Пелистер се одлепуваше во прво полувреме игравме со бековска линија САВРЕВСКИ - ДОДИЌ - ТАЛЕ. Are you fucking kidding me bro???
Тотално нерезонски постави.
Ништо не ни одеше, а Пелистер не играше скоро ништо во напад, само не наполнија со шутеви од далеку. Се што шутнаа влезе. Од гол на гол да шутнеа ќе погодеа.
Поголем проблем кај нас е што со падот на Комити по сите тие срања што се случуваа до 2019 година, короната и празните сали, се изгуби хемијата со ракометарите. Групата почна да се гради одново, ама скоро цело младо членство е насочено САМО НА ФУДБАЛ. На ракомет навиваат повремено само неколку подгрупи. Ова е огромна штета, пошто Вардар во ниту еден спорт немал ваква обична публика. Денес и они малку потфрлија, ама затоа што ние бевме катастрофа на трибините.
Како што секогаш бива, кога имаме инциденти на трибина, тогаш нема никакво навивање после тоа.
Комити исто така беа директни виновници за поразот. Со малку поракометно навивање, сигурно ќе тепавме. Па 5 минути имаше свирење на противнички напад КАКО ШТО ТРЕБА НА РАКОМЕТ и за малку ќе ја завртевме. Ама наместо тоа, ние се замаравме со Битолчанки, со сестри, со мајки, шајки, не знам како 30 години не здосади тоа навивање.