Небитна титула, ама убава победа за подигнување на моралот, поготово после поразот во суперкупот. Добро е што има некој мал напредок, ама сепак сеуште е рано и има уште доста за поправање и напреднување, бековската линија останува најголема мака, а само со Гаџа на среден бек ќе биде тешки маки и ќе се молиме да не се повреди. Веројатно финансиите толку дозволуваат, ама составот е според мене послаб од лани, во ЛШ не очекувам ништо повеќе од 1/8 финале, ќе биде фино да дозволат публика барем со 50% па да се врати малку и атмосферата во Јане, а најголемата битка пак очекувам да се води во домашното првенство. И не знам за вас, ама јас баш се радувам што пак се ствара ривалство, пак ќе кажам, се надевам дека ќе дозволат публика поготово во завршницата на сезоната, па да гледаме дерби дуели за мерак, очајно фали вакво нешто во спортот во Македонија