Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.469
Поени од реакции
68.807
Ете колку го бива, со два пивотмени :vozbud::vozbud::vozbud:
Стевче ли да влезе да ги реализира зицерите на Столе, Гоце и Дибиров?
Убаво беа одиграни акциите, кои бекови да дадат гол? И со други тренери сме играле со два пикери при играч повеќе. Со овој сооднос на квалитетот, одигравме одличен меч. Мала замерка дека не требаше да го извади Валчак кога фати залет, а можеше и да проба одбрана со фластер на Алекс.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.706
Поени од реакции
5.679
Со кој памет го игра Гаџа цело 2ро. Дечкото врска нема!
Проблемот е што нема кој друг,Дисингер се виде дека не е спремен,за Талески мислам дека нема што да збориме.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.575
Поени од реакции
8.222
Киргизот смрден душа ни зема. Штета, требаше да го искористиме моментот коа ни се укажа шанса на пола второ да отидеме на 2 па и на 3 за да биде после полесно. Ама Џинџер утна коа најмалку требаше ( иако неам замерка за него одигра топ), и после со 2 играча више место ние, Киелце даваше голови. Тоа е, во вакво натпреварување со вакви екипи никој не ти прашта коа нема да си искористиш. Исто и на голманска позиција разликата беше голема. Нашиве заедно дали имаа некои 4-5 одбрани, Волф имаше 13-14 ако не се лажам.Без бекови нема ни резултати. Секоја чест на Чупко, дечкото е нешо невидено, како игра на секоја позиција, како гине за Вардар тоа не е реално. Сепак, бековската линија ни е ужас, едноставно не постои. Плус кога нема да му иде и на Дисинџер онда следи потоп. Значи од Вујин, Теле, ќе ќажам и Гаџа ( иако во него мислам дека има нешто повеќе ракомет ама очито недоволно за на ова ниво), немаме никаков придонес а тоа итекако се приметува. Сезонава ќе биде таква и тоа на секој нормален му е јасно. Секоја победа ќе биде добредојдена а пласман у осминафинале ќе биде премија. Најважна битка сепак ќе биде дома да си ја одбраниме титулата.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.479
Поени од реакции
3.546
Добро бе Михајло, што сеуште чекаш? Ја стварно немам ништо против Стево, ама стварно врска нема. Гаџа го игра цело 2ро, типот врска нема... Во одбрана да не зборам, Борко брани шут на дигната судиска рака, овој ја гледа топката.... Секоја утакмица нас ни се смеат, кај го имало порано ова у Вардар бе луѓе, на тајм-аут вакво зборење и пцуење!?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.564
Никогаш нема да постои тим во светот на ракометот кој ќе биде одвратен колку што е Келце! Од Вента и Талант, па Грабарчик, Јурецки, Кус, Ткачик, Јурасик... па до овие денешни момци. Не знам дали е до градот, до името, до поддржувачите, но има нешто што ги прави да ми се посебно антипатични и секогаш ќе ми биде криво што Кара одбра да отиде баш во овој тим. Бољи за Веспрем да потпишеше.

Факт е дека во ситуацијата во која што се наоѓаме шансите за победа ни беа мали. Домашниот терен не игра ни приближно голема улога колку што би играл во нормални услови, а тоа што имаме изиграно само 3 мечеви во 3 месеци не мора да кажувам колку значи. Келце до овој момент има изиграно 7 мечеви во ЛШ и 8 мечеви во домашното првенство, едноставно нема споредба помеѓу нивната натпреварувачка форма и нашата. Раководните лица на клубот едноставно МОРАА да бидат малце повеќе внимателни кога се одржуваше собранието на РФМ и да прифатат да играат во домашното првенство уште сезонава. Но, тоа е што е.

Се надевам дека ќе се докопаме некако до уште три бекови од следната сезона и ќе се ослободиме од оние играчи од кои не гледаме никаква корист.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Нема екипа. Не е Стевче крив. Дисингер не може да игра, се виде дека не може повеќе, реално и цела сеозна ќе мачи он со повреди секои две недели. Вујин не може да скокне, ќе зима плата да штне од 9 метри чат-пат. Талески нема храброст, делува исплашен. Векиќ тотално нефункционален во напад и глупости прави во одбрана. Ѓача спор и без имагинација. Јотиќ индивидуалец, не знае да ја разигра екипта, да даде пас. Ако шутне, сам на влезе на пробив, друго тешко. Да, даде голчиња, ама колку топки продаде со некои некоординирани пасови? Димитриоски и Мишевски никад нема да влезат во игра.

Голем проблем е кога Чупиќ, крило, ти е најкреативниот играч во екипата. Гоце коректно игра, реално може и више треба така да си игра, со него на стартно крило, а Чупиќ на десен бек, од почеток. Ама, остај што немаме десен бек, денес немавме ни лев. И Дисингер и Талески не изиграа скоро ништо во второ. Цела бековска линија ужас. Цело време некои додавања до пикер. Па не можеш да играш кога нема закана за шут од 9. Ни се отвори шанси да направиме нешто, на средина второ, имавме гол предност и напад, ама брзо го продадовме.

Голманиве слаби. Душебаев ко на игрица не избуши.Пољакон ми делува ок, ама не го играат многу. Сигурно има бољи тренери од Стевче, ама неверувам било кој да дојде дека ќе има некоја голема разлика. Едноставно нема кога да играш. Од СЕХА абер нема, а со ова темпо играње ќе се мачиме, и тоа е тоа.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.706
Поени од реакции
5.679
Не дека одигравме којзнае колку лош натпревар,дури би рекол бевме на скоро исто ниво како другите натпревари само денес разликата беше што Киелце ги имаше Алекс и Волф.
Со ростеров што го имаме толку се силите,неможе со 2 бека да добиваме екипи како Киелце,штета што не ги искористивме зицерите во второ,се прекрши натпреварот кога Киелце имаше 2 исклучени играчи и ние место да се вратиме во игра промашивме 2-3 зицери.
Треба да се навикнуваме на вакви натпревари сезонава,мене ме плаши само да не биде полошо,сега крпиме некако со бекови само ако се повреди еден од Јотиќ или Гаџа дури тогаш ќе бидеме во проблеми,Диско си тера стандард со повредите денеска се виде дека не е спремен за игра,Вујин неможе да игра веќе на врвно ниво што знаевме уште кога го потпишавме,за Талески незнам што може да се каже што побргу се откачиме од него толку подобро за нас,цела сезона ништо нема да одигра.
Многу ни фали барем уште еден бек што може да направи нешто кога се крши натпреварот,сите сезони од доаѓањето на Самсоненко имавме по еден таков,сезонава голем проблем е што нема кој да повлече кога се одлучува натпреварот.

Едноставно толку се силите,успех за нас ќе биде ако ја поминеме групата,според мене поважно е да се спремиме за вториот дел од сезонава и да си ја одбраниме титулата во домашно првенсто.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.706
Поени од реакции
5.679
Не е ? Дедо ми од гробишта ја составуваше екипава.А не Стевче
Единствено може да го кривиме што бараше Талески да го донесат,за останатите играчи и немаше некои подобри решенија.
Солидно ја води екипата Стефче,може почнавме катастрофално оваа сезона ама после се поправивме,ако ги видиме резултатите во ЛШ мислам дека со ни еден друг тренер немаше повеќе да постигнеме.

Тоа што на сите ни пораснаа апетитите последниве години е друга работа,за жал со овој состав толку се силите.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.479
Поени од реакции
3.546
Не е ? Дедо ми од гробишта ја составуваше екипава.А не Стевче
Кога ќе сфатите дека Векиќ, Гаџа, Тале, Вујин се негови желби. Пазете го ова, го планираше Векиќ за замена на Вујин, а типот од Загреб го пратија во втора лига...
Автоматски споено мислење:

Единствено може да го кривиме што бараше Талески да го донесат,за останатите играчи и немаше некои подобри решенија.
Солидно ја води екипата Стефче,може почнавме катастрофално оваа сезона ама после се поправивме,ако ги видиме резултатите во ЛШ мислам дека со ни еден друг тренер немаше повеќе да постигнеме.

Тоа што на сите ни пораснаа апетитите последниве години е друга работа,за жал со овој состав толку се силите.
@chef_cook читни го ова, немал подобри решенија..
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.707
Поени од реакции
5.346
требаше 5 години да поминат за да дочека Кјелце празна сала, полураспаднат тим, пандемија па конечно да победи во Скопје... заедно со Пик Сегед најодвратни тимови со најодвратни играчи...

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Не е ? Дедо ми од гробишта ја составуваше екипава.А не Стевче
Абе да бидеме реални. Стевче нема моќ да каже донесете ми го овој, и да му го донесат. Тоа менаџери му нудат играчи на Михајло, од тој буџет, од тие што им се понудени, пробуваат да состават нешто. Мора да се земе во предвид дека и наши спонзори има сега, може и од нив се има некој притисок да се зимаат наши играчи. Се нема простор тука за некоја брилијантна трансфер политика. Загреб е у криза, им се земаа нив два играчи, на Јотиќ Бенфика му падна у криза па остана без клуб, исто и Вујин, име кое никоја сериозна екипа нема да го земе. На Гоцета наш у Романија му дужеа плати и он без клуб, Талески го шутнаа од Буднес, немаше кај да оди. Ја неверувам во тие приказни дека он нешто сериозно кажувал кој да му донесат. Михајло гледал да склопи нешто што може да функционира на некое ниво.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
@chef_cook читни го ова, немал подобри решенија
И Гоце чапља би го вброил тука.Какви само решенија имаше,ама се зашна ко слеп за стап за Тале,Вујин,и Чапља.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom