Фан клуб - РК Вардар

Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Добра атмосфера денес да ама пак јас и од тие пола на клоци би ги исфрлил од сала. Едно бате пред мене ај шо мудруваше цело време тулу лабаво на телефон си го ледаше Милан. Па незнам шо потреба да ојш на ракомет ако не те занимат. Ама пак затоа едно детенце сигурно немаше појке од 10 години цела утакмица скокаше и викаше.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Загреб - Сегед 26-26, ПСЖ - Мотор 31-25.

Загреб 6ти, Мотор 5ти. Имаат исто бодови (11), али Мотор има многу подобра гол разлика и подобар меѓусебе дуел.

Значи измеѓу 20-24 Март во Загреб со Загреб.

Искрено, мислам дека Загреб немаше некоја намера да победи денес со Сегед, зошто најверојатно и нив повеќе им одговара да играат со Вардар него со Килеце, кога ќе се врати сега Душебаев. Нив не ги знаат толку и најверојатно се соочуваат со сигурна елеминација, вака со нас, имаат играно купишта пати, не ни се плашат.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.581
Поени од реакции
8.241
Загреб е сосема ок противник за осминафинале. Доколку се оди како треба не би требало да имаме проблџеза Ф4, тогаш нема дилеми дека мора да го елиминираме овој Загреб. Доколку има некоја неизвесност таа ќе биде во Загреб, ама на реваншот во Скопје пред пуна сала и френетична атмосфера Загреб фино ќе го јаде. Каква е ситуацијата со Горбок и Борозан? И за кога отприлика се очекува враќањето на Дисинџер?
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
880
Поени од реакции
2.706
Загреб неколку пати играше добро со нас и не победуваше, мене лично ми е најтежок противник кој можеше да го добиеме.
А ме плаши тоа што Вардар ова година игра многу променливо и има големи падови во играата.
Но, како и да е, ние да сме покрај нив со пуна сала и огромна подршка затоа што заслужија!
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Каква е ситуацијата со Горбок и Борозан? И за кога отприлика се очекува враќањето на Дисинџер?
Според најави сите тројца треба да играат во 1/8. Дисингер има 20 дена да го одмори колкот, Горбок тренира со месеци, иако не со екипата, требал да почне скоро. Борозан е Х фактор, влезе со Веспрем некои 10 мин, после 3 натпревари не играше имал болки во коленото, да се надеваме дека ќе биде заздравен.

Се согласувам дека ако не може се помине Загреб, тогаш не ни е место во 1/4. Иако, тие може да се покажат како зезнат противник. Но ако сме фул ние, сите и сериозни, треба да ги елиминираме и да ги победиме и тука и таму.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Никаков проблем не би требало да претставува Загреб, далеку се тие од екипата што беа.

Него овај хрватскиов пикер Шипиќ е играчиште, од Агинагалде кога беше млад не сум видел така добар пикер. Ако се има шанса да се земе пред да го земат другите гиганти, ќе биде фантастично.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.564
Никаков проблем не би требало да претставува Загреб, далеку се тие од екипата што беа.

Него овај хрватскиов пикер Шипиќ е играчиште, од Агинагалде кога беше млад не сум видел така добар пикер. Ако се има шанса да се земе пред да го земат другите гиганти, ќе биде фантастично.
https://sportmedia.mk/rakomet/liga-na-shampioni/vardar-merka-rakometar-na-nekse
Kолку е вистина е друг муабет.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.707
Поени од реакции
5.681
Јас го спомнав Шипиќ уште пред месец дена кога заврши светско.
Стварно добар е дечкото посебно при реализација го гледав на скоро сите утакмици во ЕХФ,како бик е јак.
22 години има само,мора да се притисне да го донесеме.:)
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Јас го спомнав Шипиќ уште пред месец дена кога заврши светско.
Стварно добар е дечкото посебно при реализација го гледав на скоро сите утакмици во ЕХФ,како бик е јак.
22 години има само,мора да се притисне да го донесеме.:)
Последното прашање е за Вардар. Некако имам впечаток дека може има нешто тука.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.581
Поени од реакции
8.241
Исто беше и моето мислење за Шипиќ кога го видов на СП. Неговата игра доста ме потсети на Столе на ЕП во Србија, кога беше најпријатно изненадување со неверојатна реализација. Исто кажав дека ќе биде одлично засилување за нас, а и со оглед на годините би бил права премија на лото. Ракометар кој во иднина дефинитивно ќе го бараат најголемите. Се надевам дека Вардар ќе го донесе.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Иван Чупиќ во Мешков Брест?

Еден од ракометарите на Вардар со најдолг стаж од актуелниот ростер, десното крило Иван Чупиќ, на крајот на оваа сезона може да замине од македонскиот тим и во иднина да ги брани боите на друга екипа која настапува во СЕХА лигата.

Тој дојде во Вардар 2016 година и веднаш во првата сезона стана европски шампион со „црвено-црните“. Некогашниот хрватски репрезентативец потпиша четиригодишен договор со македонскиот тим, но состојбата на клубот и неизвесната иднина само ги подгреваат шпекулациите околу неговото заминување од Скопје една година порано.

Според извори на 24Ракомет од Белорусија, за услугите на поранешниот репрезентативец на Хрватска сериозно е заинтересиран амбициозниот белоруски шампион Мешков Брест, кој оваа година ќе игра во осминафиналето на Лигата на шампионите. На десната крилна позиција оваа сезона ги има Дарко Ѓукиќ и Максим Баранов, а веројатно вториот нема да го продолжи престојот.

Доколку замине Чупиќ повеќе од веројатно е дека ќе се бара солуција за следната сезона, со оглед на тоа што му истекува договорот и на Данил Шишкарев, а тука е и македонскиот репрезентативец Мартин Поповски.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.707
Поени од реакции
5.681
Иван Чупиќ во Мешков Брест?
Не верувам дека Чупич ќе си замине доколку не биде приморан,посебно не во Мешков.
Нема причина да оди таму освен ако не му фрлат големи пари.
Мешков е послаб според квалитет од Вардар,доколку оди таму ќе треба и нов јазик да учи,нова држава,нови луѓе.
Плус 33 години нема некои предизвици за остварување.:toe:

Според мене Чупич би заминал доколку донесат во Вардар некое помладо крило,пример Јанц.
Имаше шпекулации дека е можно Јанц да дојде во Вардар,ништо чудно да се остварил трансферот.
Ќе видиме што ќе испадне на крај.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.564
Мошне неверојатно сценарио, секако доколку финансиската ситуација во Вардар е стабилна. Една од причините за неговото заминување од Келце беше тоа што сакаше да биде поблиску до дома и да игра во држава со потопла клима и сонце. Сигурно не му е до играње во земја што е уште подалеку, поладна и полошо поврзана со остантиот дел од Европа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom