Фан клуб - РК Вардар

Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
До 31-ви август било...
Стискам КУПИ и ми пишува само на билетарницата. А билетарницата скоро и да не им работи. Многу пати сум бил, па сум им звонел на телефонот за да дојдат да купам билет, ама залудно.
Да не си ги утнал билетарниците, оди во Аеродром не во темната страна.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Сепак мислам дека Работник ќе го лапне. А, реално добро би ни дошол со оглед на тоа што е одличен на 5-ка у одбрана во ситуација кога Јања и Игор и не се некои дефанзивци, па само со Вуко сме. И офанзивните квалитети не му се за занемарување, секако.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Очигледно како и лани, луѓе кои купиле сезонски билети, немаат апсолутно никаков интерес да гледаат натпревари од СЕХА лига.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Овој Киселев ко да чу дека го оговаравме пред недела. Чудно е граден тој човек, многу е широк во гради, како коцка да има за торсо и делува како тешко да се движи. Иако, делуваше динамичен денес.

Калараш добро играше во одбрана. А и во напад искулирано реализираше 3 зицери.

Скубе знае да ја разигра екипата и тоа подобро од Циндриќ, ама проблем е што Циндриќ реално не ја разигруваше многу. Лука, соло акции имаше многу, и тоа во моменти кога треба знаеше да се пробие и да даде гол на сила. Карачиќ и Скубе, не го можат тоа со таа константност. Така што, на таа позиција изгубивме ја мислам еден квалитет што нема како да го дополниме.

Борозан беше лош, ама ај, да кажеме дека тоа може да се очекува. Не е загреан он.

Милосављев добар. Еве веќе на сите натпревари фаќа двоцифрен број на одбрани. Ќе видиме што втор голман ќе донесат. Пародно рече може не оваа недела ама очекуваат до дуелот со Монпелје да има уште еден голман.

Штета што го изгубивме Горбок. Ни треба еден таков шутер од негов калибар. Според мене ова е удар за оваа екипа. Стварно штета што не се комплетни.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
http://24rakomet.mk/ново-засилување-кај-македонскиот-шам/
Ако е ова вистина ке се покрие дупката што ја направи повредата на Горбок. Мислам дека е доста солиден играч. Но она што е најбитно доста млад е и сигурно ке сака да се докажува.
Супер е ова, нашиве младинци нека седат на клупа и во вториве екипи, Битно странциве на нивни години да се исфорсираат. И после бараме Репрезентација, е затоа нема...
 
C

Castiel

Гостин
Супер е ова, нашиве младинци нека седат на клупа и во вториве екипи, Битно странциве на нивни години да се исфорсираат. И после бараме Репрезентација, е затоа нема...
Aj бе изгубете се со вакви коментари. Ова е фан клуб на РК вардар. Не на македонска репрезентација. Ме заболе што националност е доколку е квалитетен играч. Да имаше наши квалитетни ќе играа. Ама македонче битно да јаде трици зашто не играле нашите.
 
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
Aj бе изгубете се со вакви коментари. Ова е фан клуб на РК вардар. Не на македонска репрезентација. Ме заболе што националност е доколку е квалитетен играч. Да имаше наши квалитетни ќе играа. Ама македонче битно да јаде трици зашто не играле нашите.
Деугар го гледав цело европско за младинци и точно знам за каков играч станува збор. Наместо дотичниов и војводич шо првин со главата трга на финта има кај нас доста подобри играчи.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Деугар го гледав цело европско за младинци и точно знам за каков играч станува збор. Наместо дотичниов и војводич шо првин со главата трга на финта има кај нас доста подобри играчи.
Како човек кој ги прати буквално сите репрезентативни и клупски ракометни натпреварувања навистина ме изненадува коментаров. За Војводиќ делот се согласувам комплетно, но кој е тој 20-годишен македонски среден/лев бек што е подобар од Оцвирк според тебе?
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.099
Поени од реакции
74.909
Мене ме разочараа дека не се заинтересирани за Кузмановски. Нека се отрујат ако го остават во факинг Работник да оди...
Може да ни биде од голема корист и во напад и во одбрана.
 
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
Како човек кој буквално ги прати сите репрезентативни и клупски ракометни натпреварувања навистина ме изненадува коментаров. За Војводиќ делот се согласувам комплетно, но кој е тој 20-годишен македонски среден/лев бек што е подобар од Оцвирк според тебе?
Не е некој докажан играч, Ништо особено според мене не покажа оцвирк, беше најдобар стрелец ама половина голови беа од пенали да бидеме реални. Посекако нема да игра како прв или втор бек( сигурно Карачич ке ротира) па зошо да не се проба еве со некој од нашиве младинци како Танкоски или Кукуловски да му се даде шанса па ете за сметка на овој и Мишевски ке грее клупа повеќе.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
За жал, мора странски играчи.

Ако падне нивото на Вардар ќе падне и интересот за ракомет во државава, помалку деца ќе играат, помал развој, послаба репрезенатција.

Ние изгубивме многу со падот на Металург. Ама, па настана ситуација каде што имавме екипа составена доминантно од млади македонски играчи кои играа константно СЕХА и ЛШ. Што и не беше толку лошо за развој на таленти. Лошо ќе биде ако нивото на Металург продолжи да паѓа. Да не збориме ако пример Вардар се пресели во послабите групи на ЛШ.

Вака, да имаш две екипи во ЛШ, финансиски стабилен и солиден клуб како Работник, некои посериозни супер-лигаши, за наше ниво и земја од наша големина и степен на развој, се ова е сосема солидно. Добра основа за добра репрезентација.

Иако јас не ги следам младинскиве натпреварување, па не му ги знам квалитетите на овој играч. Ако е некој голем талент, го поддржувам трансферот. Иако и ја сум за Кузмановски во Вардар. Ама пак ќе споменам, пред неколку месеци Самсоненко рече дека сакаат македонски играчи, ама некои и го одбиваат Вардар, тука го посочи Кузмановски, кој неќел да потпише за нив. Може во оваа ситуација сега е идеално за него, да изигра една сезона во Вардар. Реално ќе игра многу јаки натпревари. Ако му падне формата на Борозан, ќе биде и стартер.

Мене ми е чудно од кај пари за сите овие трансфери.

На спорт1.мк пишуваше дека ФК Вардар должи некои 2 мил евра. Ова цифра се врти по повеќе весници со месеци. Но пишуваше дека долгот на сите клубови на Самсоненко е некаде 6 милиони. Шпекулација. Ако е ставрно толкав, тоа значи дека и ракометниве клубови должат неколку милиони. Зошто пример Кузмановски би одел од еден клуб кај што му должат пари, во друг клуб каде што најверојатно ќе му должат пари?
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
6.592
Оцвирк е мошне талентиран играч, би рекол еден од подобрите во својата генерација. Беше во некаков конфликт со управата на Целје, не го планираа, во исто време не сакаа да го дадат на позајмица, а за продажба бараа ако не се лажам 80 или 90 илјади евра. Како успеал Вардар да ги убеди не знам, али сум мошне сигурен дека голема улога играле Кокшаров и Периќ како некогашни членови на Целје и дел од генерацијата која освои ЛШ.

Ќе видиме како ќе се снајде. Не е заебанција ЛШ да играш на 20 години. И јас се надевав на Кузмановски, но тоа е што е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom