Супер голман е. Грамаден е но сепак еласитчен, има добар рефлекс, ќе треба да се координира со одбраната за да не прима така пацерски голови. Вака по неколку утакмици се глеа деак има мозок да ја чита играта.
Гарантира 10+ одбрани на утакмица, така да тоа сега не е толкав проблем, колку немањето замена за него.
Ростерот е солиден, сеуште присутни се класа играчи, плус добри опции за ротација. Тимот е доволно квалитетен и искусен да се бори за таму 4-5-6 во групата во ЛШ и да се прошета у СЕХА. Пародно е доволно квалитетен тренер, прашањето е само како ќе се постави кон играчите и колку тие ќе го слушаат.
Значи играчкиот и тренерскиот кадар се на задоволително ниво. Доколку нема опструкции од финансиска природа, верувам дека ќе имаат солидна сезона пак. Нормално не тоа што се навикнавме изминативе години, но сепак солидна.
Но за жал, тешко дека ќе поминат и они без финансиски проблеми, кои ќе влијаат на све во клубот...