Фан клуб - РК Вардар

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Реков :icon_lol: Нема теорија, ниту еден план не му вклучува селење од станот кај што живее, не па од Вардар.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
се тоа шпекулации што ги прават само за лајкови и читаност на сајтовите, мизерија...(n)
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Сомнителна е малку ситуацијава со Самсоненко.

Типов го гради офицерски дом на плоштад што чини 25+ милиони евра, хотел Мериот (до веќе постоечкиот) исто 20 милиончиња, мислам дека уште еден објект во близина. Сите овие објекти ко да се во мирување, споро се градат во последно време. Наводно гради болница во Русија од 100 милиони евра, млекари и други работи. Ова се он транспарентно си го кажува. Објави дека е спонзор на ЦСКА Москва пред година, фудбал, за 5 години на некои места пишува за 10 милиони евра, на некои за 20. Во Центар емисијата кажа пред година ипол дека во 2015 профитирал од BetCity 23 милиони евра. Пред 2 години си купи авион за 10 милиони. Итн, итн.

Или западнал во некоја финансиска криза човеков во последнава година или има проблем да пренесува пари во Македонија или лаже нешто. Се ова е негова работа, ама не може човек да не се посомнева дека како почна да се најавува промена на власта во државава и него почнаа да му се случуваат финансиски проблеми, споро исплаќање на вработените во спортските клубови. Буквално се поклопува доцнењето на плати во Вардар со распишување на изборите во 2016та.

Сам си кажува дека Орце Камчев му е прв другар, а Камчев беше поврзан деловно со претходната власт. Иако Самсоненко негира дека има било каква поврзаност со ВМРО, тешко е да се поверува дека не бил помаган од претходната власт или бил само фасада, а они од сенка спонзорирале се ова.

Секој случај, тешко е да се поверува дека клубовиве ќе останат на ова ниво. Ако не и паднат масовно, РК Вардар на ниво на денешен Металург за година-две.
 
И одамна требаше да биде изградена руската црква при салата Јане Сандански...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.561
https://www.gol.mk/rakomet/samsonenko-rk-vardar-ostanuva-silen-i-ekipiran-a-zhrk-vardar-se-raspushti-poradi-finansii

Горбок е добра опција, ја знае средината, играчите, тимот, теренот и иако е веќе во години има уште најмалку две сезони во него да ги игра на високо ниво и нема повеќе што да се зборува. За Кисељев не можам многу да кажам бидејќи освен за репрезентација на Русија го немам гледано. Од она што го имам видено станува збор за цврст играч, кој често бара дуел игра што е добро бидејќи ќе се разликува од Криштопанс.

Кога веќе буџетот не е тој што некогаш бил Милосављев е опција која мене лично ми се допаѓа. Сигурен сум дека доаѓањето на Периќ како тренер на голманите има големо влијание да се ангажира токму Милосављев, бидејќи беше првиот селектор кој пред две години го повика на поширокиот репрезентативен список на Србија и од одредени интервјуа кои што сум ги читал знам дека гледа голема иднина во него.

Станува збор за добар потенцијал, 22 години, метро и 96-97 висок, добар распон на раце и на нозе, добар рефлекс, но секако нели неискусен. Генералното мислење помеѓу луѓето инволвирани во ракометот е дека таков потенцијал на голманската позиција се нема одамна појавено во Србија (од таму и надимакот Baby Штербик :D). Зборат дека е голем работник, максимално посветен и желен за да учи. Инаку, припаѓа на генерацијата која настапи на светското јуниорско првенство во Бразил во 2015-та каде што настапуваа играчи како Дарко Џукиќ, Немања Младеновиќ, Милан Јовановиќ (кој играше и на европското во Хрватска годинава), како и Владимир Цупара идниот голман на Киелце, сегашен член на Адемар Леон. Милосављев беше во сенка на Цупара на тоа првенство, меѓутоа таа минутажа што ја добиваше ја користеше сосема добро.

Имаше некаде низ темава коментар дека 22 годишен голман не бил веќе баш млад и апсолутно не се согласувам. Ивиќ од Киелце има 25, Салдаценка има 23, Цупара има 24, Де Варгас има 27... Не ја споредувајте голманската позиција со другите позции во ракометот. Позицијата е таква да бара многу повеќе искуство него било која друга, па ене го Стиви Бој почна на 32-33 години да ги прикажува своите квалитети. Разбирам дека стандардите на сите ни се кренати у небо после Арпад, али за жал таква класа на голман прво и основно тешко дека ќе се роди во догледно време, а не па да ја имаме таа среќа да заигра во дресот на Вардар. Речиси на сите кои пратиме ракомет на форумов ни се допаѓа Кастелиц од Загреб, епа еве добивме иста генерација на голман кој важи за потенцијал. Кој знае, со малку среќа и добра работа можеби и ќе добиеме голман за следните неколку години.

Проблемот е што ништо не се спомнува за пикер. Фереира и Столе си се топ, но ќе фали уште еден играч во ротација. Борбата на два фронта (ЛШ и СЕХА) особено во периодите кога играчите имаат и репрезентативни обврски си бара уште еден играч. Се надевам дека шпекулациите за Алексис кубанецот од Барса ќе се остварат, иако има и други интересни понуди моментално на пазарот на таа позиција. Исто така тука се наметнува и прашањето за среден бек. Не знам какви се плановите на Војводиќ, меѓутоа и да остане тука не е решение бидејќи не е баш класичен разигрувач, а таков фали бидејќи остануваме само со Карачиќ. Во интервјуто исто така се спомнува дека веќе потпишале некој многу млад талентиран Русин од 2020 година, баш ме интересира кој е.

За крај се ова зимам со голема доза на скептицизам, но и надеж дека кажаното ќе се оствари.

PS. https://emagazin.mk/vesti/vest/49170
 
Последно уредено:
L

Löwe

Гостин
Член од
7 август 2011
Мислења
4.751
Поени од реакции
12.771
У реду е смири се, ПСЖ се на другата страна не се Тинекс Пролет.
Е добро де куров ми ленче ако се псж. Едно е на хартија друго е какви резултати прикажуваат.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.751
Поени од реакции
12.771
И по што заклучи дека во моментов Псж игра лошо?
Не викам дека играат лошо само досега не ме импресионирале за вниманието кое им се посветува. Еве конкретно со монпеље не можат да врзат две победи по ред, затоа и нема да бидат шампиони во првенство. Пред сезона ист муабет бил и таму не е тинекс пролет псж е.
 
Мa нека не те лаже првенството, може е наредено од федерација Монпелје да е шампион оваа сезона за промена (како Вардар Металург)
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.751
Поени од реакции
12.771
Мa нека не те лаже првенството, може е наредено од федерација Монпелје да е шампион оваа сезона за промена (како Вардар Металург)
А коа било наредено вардар металург жити све? Кој ти е овој муабет бе дечкооо. Четири саат дојде легнувај почна да бладаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom