Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
2.059
Поени од реакции
5.564
Потпишување големи имиња не смее и не може да биде стабилна стратегија на долг рок. Ракометот не е фудбал па да можеш да тераш бизнис од спонзори, продажба на играчи, ТВ права и слично. РК Вардар не е ниту Барселона, ниту Кил, ниту Веспрем. Приоритет број 1 на раководството треба да биде континуирано учество во групите А и Б од ЛШ се до 2021 кога новиот формат треба да стапи на сила. Ниту Фереира, ниту Борозан не беа некои етаблирани играчи кога потпишаа со Вардар, ниту Марсениќ, Циндриќ и Алекс. Само паметен скаутинг и квалитетен тренер.

Станиќ е најверјатно done deal. Позитивното е што му се дава договор на само една година. Да се види дали нешто ќе прикаже и претпоставуам да се направи простор доколку по завршувањето на таа се појави некоја добра опција на пазарот.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
И Станиќ ќе лиже кај што плукал? Ако дојде треба еден незаборавен пречек да му се направи, да посака следниот ден да си оди. Гнида исто ко Манасков.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Не мора да значи. Коа ќе видиш составот со Малумбрес, Растрворцев, Петриќ, Прибак, беше на еден седмерец пласман на Ф4. Важно е да се задржи костурот на екипата.
Тогаш бевме сметани за аутсајдери и изненадување за сите екипи, плус нова им беше и таквата атмосфера во сала на противничките тимови. Сега сме шампиони на Европа, не знаат сите многу добро и со засилувања од ваков тип тешко дека ќе можеме да се носиме со екипи кои ќе бркаат Ф4, а такви ги има десетина во ЛШ. Со Санталов и Киселев како замени за играчите кои си одат ќе бидеме тим од рангот на Загреб/Висла/Мешков, може ќе направиме проблем на некој од фаворитите дома, ама во нокаут фаза и битка за Ф4 нема што да бараме.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
:popce: Попрво би прифатил некој од младинци и Џамбо да бранат следна сезона, него Станиќ, биваше ли за него да се фатат бе, го прател ли некој клубов од вработените пред да дојде Самсоненко ?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И пред да го донесат Штербик, Самс сакаше да го донесе Станиќ. Отров сценарио.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
И пред да го донесат Штербик, Самс сакаше да го донесе Станиќ. Отров сценарио.
Со Манасков имаше некоја логика, демек подмладување, македонец, се палеа античките у сала, па пројде некако, ама овој бе.. Памтам дека и тогаш имаше муабети за Станиќ, ама тогаш бар бранеше ко луд му е*ам наркоманот :D Низ град коа ќе го видев ми се превртуваа црева, не па у дрес на Вардар да го глеам, бреј што правеше на утакмици и сега за нас да игра...
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Потпишување големи имиња не смее и не може да биде стабилна стратегија на долг рок. Ракометот не е фудбал па да можеш да тераш бизнис од спонзори, продажба на играчи, ТВ права и слично. РК Вардар не е ниту Барселона, ниту Кил, ниту Веспрем. Приоритет број 1 на раководството треба да биде континуирано учество во групите А и Б од ЛШ се до 2021 кога новиот формат треба да стапи на сила. Ниту Фереира, ниту Борозан не беа некои етаблирани играчи кога потпишаа со Вардар, ниту Марсениќ, Циндриќ и Алекс. Само паметен скаутинг и квалитетен тренер.
Се согласвам 100%. Само сакав да кажам, доколку потпишат некој играч кој е име, кој не доаѓа за џабе да игра од пример калибар на Кањелас, ќе знаеме дека финансиски Самсоненко е инвестиран на исто ниво како претходно.

А ова со Станиќ, не знам која им е логиката. Немам ништо против него, добар голман беше пред 4-5 години, ама сега има скоро 40 години, мислам дека оваа година никаде не ни има брането активно. Имаше нешто дека мал фудбал бранел. Тоа ли е засилување за европски првак? Прв голман тој човек ли ќе ти биде?

Џамбо е Ок, ама не е за прв голман на екипа од квалитет на Вардар. Плус не е и дисциплиран.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Како ќе ве затвори Станиќ. :D

Ај ако не Малумбрес нека го вратат, он барем урлаше и се маваше со боксови по амблемот.

Абе на Диви му скандираше цела сала редовно, го испратија како најголема легенда а он ако не се лажам имаше бајаги серено за Вардар на времето.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
382
Поени од реакции
1.078
Голманскава позиција требаше да ја решат уште лани со Симиќ од Кристијанштад. Тој, Џамбо и Ѓоргески ќе беа долгорочно решение.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.575
Поени од реакции
8.222
Тогаш бевме сметани за аутсајдери и изненадување за сите екипи, плус нова им беше и таквата атмосфера во сала на противничките тимови. Сега сме шампиони на Европа, не знаат сите многу добро и со засилувања од ваков тип тешко дека ќе можеме да се носиме со екипи кои ќе бркаат Ф4, а такви ги има десетина во ЛШ. Со Санталов и Киселев како замени за играчите кои си одат ќе бидеме тим од рангот на Загреб/Висла/Мешков, може ќе направиме проблем на некој од фаворитите дома, ама во нокаут фаза и битка за Ф4 нема што да бараме.
Види, со оглед на ситуацијата не може да очекуваш ние секоја година да бидеме фаворити за титула, па и за пласман на Ф4. И да задржевме сите играчи никој не ти гарантира сигурен пласман на Ф4. Во оваа ситуација, ја сум задоволен да задржиме добар дел од постоечките ракометари и со потенцијални таленти кои би напредувале кај нас, секоја година да се бориме во осмина или четвртфинале. Јбг ќе биде драстична разлика во однос на сегашнава состојба, ќе има и порази од екипи кои изминативе години сме ги шупеле прописно ама тоа е спортот. Кога еден Атлетико Мадрид веќе воопшто го нема на ракометна карта, треба да бидеме среќни доколку останеме во ситуацијата која ја опишав погоре, што подразбира и екипа од рангот на Висла или Мешков. Јас лично сметам дека ќе успееме да се избориме за нешто повисоко ниво, ама останува да видиме.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Алекс, Циндирќ, Марсениќ, Фереира, Борозан па и уште неколку, беа неетаблирани и само како забележани како млади и надежни. Ако успеат да направат добар скаутинг и донесат некои млади од овој калибар и тие да останат подолго во Вардар тогаш сме супер. Нормално плус на тоа ако имаме амбиции ќе треба да се додаде некое докажано искусно име.
Сепак во ЛШ конкуренцијата е голема а и да не се пласира човеч на Ф4 не е толку страшно. Битно е да сме конкурентини до негде со топ екипите и да се одржуваме во А и Б групите.

Па што да кажат Веспрем, толку пари и играчи изнакупија изминативе години а сеуште немаат ЛШ титула.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нека си одат тие што ќе си одат. Го имаме Борозан, кој е играчиште, го имаме Мораеш, Карабатиќ растура. А и овие двајцата Киселов и другиот што ги спомнувате, можеби се послаби играчи, ама нека ви текне каков беше Циндриќ. Ќе стане и од нив играчи.

За наследник на Раул се спомнува Дејвис дека би бил. А тој според мене би бил идеален.
Жалам едино само за Раул што ќе си оди. А за другиве ќе се најде замена.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Види, со оглед на ситуацијата не може да очекуваш ние секоја година да бидеме фаворити за титула, па и за пласман на Ф4. И да задржевме сите играчи никој не ти гарантира сигурен пласман на Ф4. Во оваа ситуација, ја сум задоволен да задржиме добар дел од постоечките ракометари и со потенцијални таленти кои би напредувале кај нас, секоја година да се бориме во осмина или четвртфинале. Јбг ќе биде драстична разлика во однос на сегашнава состојба, ќе има и порази од екипи кои изминативе години сме ги шупеле прописно ама тоа е спортот. Кога еден Атлетико Мадрид веќе воопшто го нема на ракометна карта, треба да бидеме среќни доколку останеме во ситуацијата која ја опишав погоре, што подразбира и екипа од рангот на Висла или Мешков. Јас лично сметам дека ќе успееме да се избориме за нешто повисоко ниво, ама останува да видиме.
И тие квалитетни ракометари за кои се збори дека ќе ги задржиме, ќе ги задржиме само за следната сезона, а потоа? Борозан сега кога е во топ 3 леви бека во свет и го бара пола Европа, сигурно нема да седи во клуб без шампионски амбиции, Кањељас исто, Карачиќ во моменталнава форма може да остане али да ја врати онаа форма од лани-преклани и да почнат да стигаат пак понуди од Веспрем и слични и он ќе си фати патот.
Не е работата само што ќе си одат играчите, туку и тоа што со најавените нивни замени очигледно е дека клубот ќе оди во континуирана надолна линија.
 
P

PewDiePie

Гостин
Нека си одат тие што ќе си одат. Го имаме Борозан, кој е играчиште, го имаме Мораеш, Карабатиќ растура. А и овие двајцата Киселов и другиот што ги спомнувате, можеби се послаби играчи, ама нека ви текне каков беше Циндриќ. Ќе стане и од нив играчи.

За наследник на Раул се спомнува Дејвис дека би бил. А тој според мене би бил идеален.
Жалам едино само за Раул што ќе си оди. А за другиве ќе се најде замена.
Си оди Борозан......за овој,Циндриќ и Марсениќ фала на чичко ви Лино да му кажете.

Барем Чупиќ,Столе,Дибиров,Кристопанс,Кањељас да ги задржат.....мада од овие што се спомнуаат како засилувања нема леб.

П.С. Станиќ е Бог за се што се спомна ко замена за штербик така да ќут.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom