ВИДНО ИЗМЕНЕТИОТ СОСТАВ НА СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР ПОУСПЕШЕН ОД ОНОЈ НА АМАК-СП
Битолските промени подобри од охридските
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР - АМАК СП 95:87
(24-19; 23-21; 27-21; 21-26)
Сала "Младост" - Битола. Гледачи: 3.500. Судии: Милојевиќ - Скопје, Ангелов - Кавадарци, Сарџовски - Битола. Делегат: Крстевски - Куманово
Играч п 3п 2п 1п ск. ас. Играч п 3п 2п 1п ск. ас.
Петковски - - - - - - Д. Стојановски 5 1/8 1/1 0/0 1 0
Вотсон 4 0/1 2/3 0/0 0 3 Тасевски 7 0/1 3/5 1/2 2 2
Савовиќ - - - - - - Стојанов 2 0/0 1/2 0/0 5 0
Трајковски 0 0/0 0/0 0/0 0 0 Фрај 34 2/4 9/14 10/11 10 3
Апцев - - - - - - Куга 0 0/1 0/2 0/0 0 0
Атанасоски 5 0/2 2/3 1/3 4 1 Вегов 4 0/1 1/1 2/4 0 0
Хелд 19 1/5 3/7 10/14 12 3 Тејлор 0 0/0 0/4 0/0 2 0
Станковиќ 22 0/0 8/12 6/9 5 0 Стефановски 0 0/0 0/0 0/0 0 0
Ѓокиќ 11 3/5 0/1 2/2 6 1 В. Стојановски 17 3/5 3/5 2/2 0 0
Миљковиќ 26 4/7 3/4 8/11 2 7 Неделков 0 0/1 0/0 0/0 3 0
Талевски 8 0/0 4/5 0/1 4 3 Николовски 0 0/0 0/1 0/0 0 1
Захариевски 0 0/0 0/1 0/0 3 0 Кодл 18 0/0 8/14 2/2 12 0
Вкупно: 95 8/20 22/36 27/40 36 18 Вкупно: 87 6/21 26/49 17/23 35 6
Новиот Свисслион Пелистер влезе во новиот, втор дел од сезоната со победа. И тоа извојувана против директниот конкурент за место во плеј-офот, екипата на АМАК-СП, со резултат 95:87.
Иако со видно изменет состав, со неколку нови играчи, "зелено-белите" имаа постојана контрола и врз играта и над резултатот. Постојано водеа со предност од 5 па до 15 поени.
И покрај краткото време "за запознавање", малку беше видливо дека "пелистерци" направија толку промени во играчкиот, па и тренерскиот дел.
Предводени од стариот тандем, Миљковиќ-Станковиќ, едноставно ги натераа на добра игра и новаците во екипата, пред сите, Хелд и Ѓокиќ да заиграат како што треба.
Се доби впечаток дека битолчани побро ја формирале играта во однос на АМАК-СП, каде исто така се појавија неколку нови лица (како Куга и Тејлор), кои на официјалната премиера не оставија некој особен впечаток.
Згора на тоа охриѓани, како по некое правило, брзо влегуваа во проблеми со личните грешки (В. Стојановски седна во третиот период од играта), што беше проблем повеќе за избраниците на Игор Гацов во текот на средбата.
Полувремето почна со 7-0, па 16-8 за домашната екипа, а првата четвртина со (24:19) за Свисслион Пелистер.
Осум поени позитива "пелистерци" имаа и во 14. минута (33:25), а еден повеќе по забивањето на одличниот Станковиќ (44:35), во 19. минута. Полувремето заврши со солидна предност за Свисслион Пелистер (47:40) само по заслуга на изворедниот Џерид Фрај кој до крајот на мечот собра дури 34. поени но и 10. скока и 3. асистенции.
Некои битни промени, особено во поглед на резултатот, не се случија ниту во продолжението.
Во 24. минута битолчани беа во плус и од 13. поени (58:45), четири минути подоцна и еден повеќе (65:51).
Највисоката предност беше во првата минута на последната делница (76:61), кога почна да се надзира триумфот. Охриѓани, поточно Фрај, кој остана без помошта на В. Стојановски, се обидоа, но немаа сили за "стигнување".
Инаку, кај домаќините за првпат заигра и еден Американец. На паркетот, далеку од идеален, во салата "Младост", црномурниот Киони Вотсон ги одигра првите минути во зелено-белиот дрес на Свисслион Пелистер.
За жал на публиката, американскиот плеј набрзина заработи три лични грешки уште во првиот дел, и затоа поголем дел од средбата го помина на клупата за резерви и за 10. минути, заврши со скромни четири поени зад