Фан клуб: Новак Ѓоковиќ

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
ја не знам што одредени си стаиле у глава дека Ноле се радувал прегласно, не примерно и не знам ти јас како... Па Надал го памтам како се џитка по земја урла, Федерер коа го победи во Париз му покажуваше број 1 демек, па никому ништо... Дај не замарајте више не знаел Ноле да се понаша, одлично воспитан дечко, збори Француски, Англиски, Италијански, Германски, секојдневно е викан во емисии, вас ви засметало што играл, тоа го побара водителката од него и играпе цели 5 секунди
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
умрев синоќа мене ме фати нервоза од тој Надал... ама последните баш добро му ги нареди.. Ноле цар !!! цар !
а публиката.. паа не е за изненадување американсите немаат понашање.. стока е тоа... шо очекуваа ја не знам.. им беше криво оти Ноле е србин и оти тепа... епа го изедоа на крај сите.. :D
баш ми беше мило
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.958
Поени од реакции
16.314
:pos::pos:
„Продавам:
Комплет сребрени тањири за шест особе. Чисто сребро, ни трунка злато!
Сви модели су од овуј годину.
Може и замена за едн златан!“
(Рафаел Надал)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Deal with it, Полесно ќе ти биде, не шири констатации дека некој трет шири глупости кога ова твоево е зашто си ме мајко родила ...

Или дискутирај или фајронт од темава, модераторка си, однесувај се поприсебно.

Тоа е едно, остатокот од постот ти е чиста фрустрација.
Танцот на Ноле доаѓа од претходните мечеви кога за време на паузата еден тип играше во публика па потоа САМАТА ПУБЛИКА кога победи бараше и Ноле тоа да го направи, ај што го направи, потоа го викна типот со него и пак се зезаа пред камера ( ваљда во некоја од просториите на теренот ) ...

Истото беше и со Федерер, кога самата спикерка тоа го побара а Ноле кажа ќе играм ако тоа го направи публиката ( која е разликата помеѓу ова и танцот на Петковиќ ?! ), и види, Рокенрола од Кајгана дојде да ја шири овде етиката во тенисот и кажува дека тоа е погрешно, и тоа го прави на начин овде да не убеди дека во тенисот тоа е генерално прифатливо мислење ... немој Не не радуј.

Федерер ако добро памтиш на времето се упати дрско кон ложата на Ноле и им кажа '' Замолчете '', епа чим таму се испонаша како пичка ( според твојава дефиниција тоа е простачко однесување ), можеш да замислиш како му е на Ноле кога 10 000 луѓе аплаудираат кога ќе поебе прв сервис и кузнае уште што довикуваат а он се спрема да сервира, можеш да замислиш како му е кога 10 000 луѓе евидентно навиваат против него и му даваат ветер у грб на Ноле, ама не, Ноле го кршел тенискиот бонтон иако вакво однесување како што велат и коментаторите НЕМА НА НИТУ ЕДЕН ДРУГ ТЕНИСКИ ТУРНИР ВО СВЕТОТ. Можеме само да претпоставиме, ако на Федекс му сметале неколку луѓе од ложа, како би реагирал ако станува збор за 10 000, милион варијанти ми се вртат во глава ама за разлика од тебе нема да ширам ... претпоставки.

Вчера проблеми имаа и двајцата, не Ноле, не Надал, двајцата, со Федерер еден единствен тенисер ги имаше тие проблеми на теренот ко и секојга година, а тоа е Новак Џокович, единствениот тенисер моментално на планетата кој на тениски турнир има таков третман од публиката, гледам пратиш тенис ама од пуста мука што Ноле едноставно ти е антипатичен не можеш да признаеш колку всушност тоа деструктивно влијае врз еден тенисер па сега доаѓаш на негова тема на форум и тролаш некои неконструктивни постови убедувајќи не дека он е простак ... еден од ретките тенисери кој аплаудира на потег на противник, и еден од ретки кој оваа сезона ги имам приметено дека признаваат дека судија згрешил а он бил тој кој ќарил поен од таа грешка.

Не, он не е простак, едноставно е, он не е Федерер, соочи се со тоа, ко и секој друг тенисер на планетава, зашто според твојата дефиниција и Надал е простак, и Родик е простак, и Монфилс е простак, и Мареј е простак, и Долгопоров е простак, и Цонга е простак ( сите знаеме он како се радува кога ќе победи ) али фактот што тебе само Ноле ти е трн у око доволно говори колку уствари овој тенисер во моментов те фрустира до тој степен да ти овде триповите твои ни ги приложуваш, причините за тоа ти се само тебе познати.

Ова можеш да им го пишуваш на луѓе кои не пратат тенис па може да ти поверуваат, вакви неосновани работи кај луѓе кои Ноле го пратат долго време не поминуваат.
--- надополнето: Sep 13, 2011 12:04 PM ---

Недај боже Ноле '' простакот '' вакво нешто да изјави ...
Но сепак, ова го кажал Федерер, што значи, ок е, коректно е, не е фрлање кал врз победата на Ноле и ругање на истата.
Не ми ставај зборови во пост кои не сум ги рекла. Никаде не реков дека Ноле е простак, многу убаво си кажав дека претпоставувам дека за Федерер тоа негово однесување е простачко. Федерер е најдисциплираниот тенисер кој некогаш играл на теренот, и штом тој излегува од кожа на терен, значи нешто сериозно не е во ред. За болдот и навредата кон најталентираниот тенисер на денешницата просто не знам дали да се смеам или да плачам. Да си фан на најџентлменскиот спорт на светот и да го навредиш така ниско човекот кој одржа часови по тенис на Ноле, Рафа и компанија е просто за чудење.

Ноле мене не ме фрустрира воопшто, секоја му чест за она што го постигна. Има мошне импресивна животна приказна, ама тоа не го менува фактот дека треба да поработи на однесувањето. И пак ќе речам, најголем непријател на Ноле му се неговите фанови. Подгреваат тензија, а тоа баш и не му треба на еден тенисер. Човек да се замисли, зошто Новак е еден од оние тенисери против кои публиката и критиката има нешто против. Не ќе да е зашто е Србин, зашто тенисот не е националистички спорт. Никој не е совршен. И подобро би било за овие дискусии да не се оди на психолошко читање фрустрации, туку да се пишува за играта и фер плејот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.121
Поени од реакции
46.089
Па вие Ноле на форумов подоле од гомно го правите, не ја Федерер или Надал, јас ја користам вашата логика на размислување, пак ќе ти кажам, ако Федерер така се испонаша кон родителите на Ноле и остатокот од неговата ложа, како ли би се чувствувал кога наместо 3-4 души да му сметаат ( во 1 наврат ), да му сметаат 10 000 цел меч, цел турнир ? Инаку, си ме видела некаде по темиве да го валкам Федерер ? Не, Надал некаде ? Не ...

Ако за Федерер Ноле е простак, што е Федерер за Ноле по кажаното кон неговата ложа, или по оној изнесен став од погоре за неговиот ритрн ?
Да ги смениме улогите, Ноле тоа да го кажеше можам само да замислам што ќе се пишуваше на форумов за него ...
Новак од ден број 1, кога почнал да се заминава со овој спорт таткото негов го предупредил дека ќе има места каде нема да биде добро пречекан поради ставот на западот за Србија ( сличен пречек Србија ко репрезентација имаа на светското во баскет у Америка кое такоџе го освоија ), али он полека го надминува ова, во Америка почнува да се наметнува како една од многуте омилени спортски фигури, се повеќе обожаватели има и се повеќе е интересен за тамошните медиуми, ако приметивте сите почнува и да се умилкува на некој начин на тамошната публика бидејќи ретко кој тенисер може да се носи со таков третман од публиката, ја го разбирам тоа иако на моменти не можеше да издржи а да не стави рака на уво наменето за оние кои тродупло му го отежнуваат патот кон успехот од трибини.

И да, односот кон Ноле од публиката е баш поради неговата национална припадност и поради изнесените ставови на Родик на времето контра Ноле, дури и вчера со Надал, денес снимката ја гледав пак на Еуроспорт, само на промашените први сервиси на Ноле публиката ракоплескаше и довикнуваше, кога Надал утнуваше први сервиси штама беше ...
Ај да речеме дека сакале подолг дуел да гледаат и епско финале со 5 сета, но пак му одмогнуваа на Џокович и тоа многу.

Ама на форумов и повредата на Ноле од вчера беше протолкувана како глума иако потврдата дека не глумеше беше толку очигледна да и слеп човек би приметил дека има проблеми со грбот.
Вие овде на форумов делите некакви претпоставки за спорт кој е џентлменски, не ја, јас немам никаков дисреспект кон Федерер ( ниту пак за било кој друг тенисер ) за кого сум кажал дека е еден од најдобрите од историјата на овој спорт, дури и Ноле по мечот кажа, и тоа за српска телевизија, на српски, Федерер е Величина, од друга страна Федерер фрли кал на феноменалниот камбек на Ноле па никому ништо, зашто ? Зашто сепак тоа е Роже.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Чекај малце, сакаш да ми кажеш дека ритрнот кој го одигра Џокович не е среќа далеку повеќе од знаење? ако го кажеш тоа тогаш ти си само заслепен фан, па таквов ритрн од 10 обида 1 се гаѓа! а замисли на меч топка? значи нема муабет дека Џокович е најдобриот ритерн играч во понова историја, а богами и постара, ама такви ритерни Џокович во цел меч дали 2/3 имаше (толку агреисниви и силни)....тоа не е самодоверба, тоа е одлука настаната по следнава ситуација: секако ми е изгубена, ќе одам на се или ништо, толку!

Изјавата на Федерер иако изгледа како препотента е на место, но не од поглед на тоа дека да играш на ризик не вреди и да го дис-репсктираш тоа, (тука претера малце Роже) него заради фактот што тоа беше удар кој беше заснован на се или ништо, не на голема самодоверба, иако истиот мора да се почитува рака на срце....е тоа го погоди на Федерер, т.е. недоволно упатените новинари кои неможат да го разберат тој момент.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Точно па и Ноле сам рече дека ја рокнал и ако влезе влезе... нема дилема тука
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
На кумановски :

Играв Федерер и Надал тенис на плеј стејшн и се карав кој да биде Ѓоковиќ
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.121
Поени од реакции
46.089
Гледам не е пишано на темава, Ноле го предаде мечот со Дел Порто што го играше од Дејвис Купот при резултат 1-2 за Аргентина, и 1-0 во сетови за Дел Порто ( во вториот водеше 3-0 ), што значи Србија го загуби полуфиналниот дуел со Аргентина, последниот меч на Типсаревич беше чиста формалност, на ист начин извојува победа ко и Дел Порто, се откажа Mонако и србите загубија 2-3.

Паднаа во вода муабетите дека Ноле глумел повреди со оглед дека неговиот меч беше да се биде или не за Србија, и самиот кажа дека сеуште ја влече повредата од финалето на US Open, влегол 60% подготвен во мечот и немало шанса да издржи до крај.

"I feel very disappointed to end the tie in this way, I tried although I was only 60 percent fit and I got into the match knowing there was a risk of aggravating the injury which I first felt at the U.S. Open," Djokovic told a news conference.
 
С

сашенко

Гостин
Мислев јас да пишам ама немав доволно информации, мислев тие шо го пратат Ноле повеќе ке пишат нешто.Колку што разбрав повредата не е многу сериозна и веќе следниот турнир ке биде спремен да го изигра без проблем
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.958
Поени од реакции
16.314
За Пекинг би требало да биди спремен.
Повредата барала само мирување, и ќе закрепни за брзо време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom