По 3000ти пат ја правиме истава грешка. Не верувам дека ќе останеме само на овие трансфери и верувам дека ќе биде доведен уште некој играч.
Ама да му ебам мајката секоја година во август сеуште склопуваме тим. Секоја ебана година истото.
Онака кога ги средија последниве трансфери со Бенасер и Дуарте, си викам сеа уште 1 звучно име у тој хајп да не засили и стварно да бидеме претенденти за топ 4 позиции. Ама спласнаа шпекулациите.
Како и да е, имам големи очекувања од Бенасер и се надевам дека ќе има одлична дебитантска сезона во дресот на Милан. Пошто гледајќи го остатокот од нашиот среден ред, све што ни остана е да се надеваме.
Сусо пак ќе го гледаме цела сезона и ќе трошиме нерви на тој просек.
Многу е битно да се влезе у сезонава со неколку победи по ред и да ги пречекаме комшиите како што треба. Имаме први три утакмици со Удине, Бреша и Верона. Години наназад најголем проблем ни е стартот на сезоната.
Мора да се тепа во Недела за да се почне ко што треба и да не бедира цела екипа и јавност уште на почеток.
Па и да се приклучи Кореа у екипа со малце ентузијазам и кренат морал, а не ко претходни сезони - трансфери на крај од август, истите ги испуштаат првите 2/3 текми кои ги губиме (или играме очајно) и се приклучуваат на тим со паднат морал, и после тоа се низбрдо.