Овој Фурлани е многу лош комуникатор, општо клубот година дена очајно се справува комуникациски, но Фурлани предничи.
Златен Иван Газидис. Штета што го изгубивме, а како поминува времето и некои негови размислувања во однос на спортскиот дел, ќе беше подобро да беа спроведени, како онаа за да го доведе Рагник, да биде еден од одговорните за спортска политика.
Фурлани со изјавите го поништува и тоа добро што ќе се направи. Околу преговори се покажа солидно, но треба да го држат настрана од јавност.
Успешна сезона која заврши уште во декември со испаѓање од битката за титула и од групи во ЛШ?!
Ајде да го брани куртоазно Пиоли, но зборува за "продолжување заедно". Барем нема да се замарам летово и следната сезона. Пак се ќе зависи од фудбалерите и како ќе биде одработен трансфер рокот, за фудбалерите да направат нешто и покрај дивиот фудбал на Пиоли. Цела генерација осакатија, без да се извлече максимумот.
Само што ако се коцкаат со Пиоли, ќе биде убаво и други да го изедат ако има уште една ваква "успешна сезона", а не само тренерот. Не е катастрофа, тимот е подобрен, но поради испаѓањето од групите во ЛШ, одвај добива преодна оценка. Уште се правда дека две сезони шампионот освојувал голем број на бодови, па тоа треба да му биде знак, дека за следната сезона треба да започне со цел за минимум 95 бода. А не да се надеваме другите да паднат за Милан да профитира.
Се глупира и со изјави за повредите, а секогаш под Пиоли се поголеми во првиот, отколку во вториот дел од сезоната.
Меѓу најдолговечните тренери ќе биде во Милан, како да е наш Фергусон.
Со Тео и Мањан ќе биде проблематично околу продолжувањето на договорите. Првиот треба да биде приоритет, но тој е можеби и најатрактивен на пазарот.
Бенасер, Томори, па и Мањан, може да се продадат доколку има добра понуда и нивна желба, па да се реинвестираат тие пари. Загубата на Тео е веќе поголем проблем.
Леао, барем за уште една сезона, е поинаква приказна. Има нов договор и желба да остане.