Тоа за лидери, бебиситери и слично веќе ми е најнапорен муабет и само во Милан толку се форсира.
Не за џабе и новиот тренер само по ден-два откако дојде и виде се кого има работа, изјави дека треба фудбалерите да разберат дека не се деца, туку дека имаат деца и да преземат одговорност како возрасни.
Претпоставувам од каде е оваа болка во тимот и кој постави ваков бебиситерски начин на функционирање, но таму не смее да се дира.
Ова вреди да се преведе и прочита, уште се смеам, верувам дека 100% е вистина, само уште еден доказ каква луда екипа е тимов, а и донекаде поврзано е со она претходно што пишував. Се надевам дека тренер може да ја направи таа радикална промена, но подолг период сум на мисла дека ќе мора некој да лета од тимот (нема да е лошо и некои што одлучуваат во клубот) за да се сменат некои работи.