Интересно ми беше ова кога Галијани го правеше со Мекцес и Монтоливо , па Рома и Фиорентина пиштеа хистерично дека е нефер, ама како што гледам сега, не било баш интересно.
Фората е што во Милан кога се плати во прашање, референтна точка е Ибрахимовиќ. тоа го користат како аргумент кога влегуваат во преговори, при што занемаруваат еден факт, дека Ибрахимовиќ покрај фудбалската димензија има и јак маркетинг момент на кој Милан како бренд се шлепа. Фудбалери како Кеси тоа го немаат, ама сепак нивните агенти го нагласуваат за да добијат тежина аргументите.
Кеси е договорен со некој клуб, јасно е тоа како бел ден, знае дека ќе игра афрички куп и дека сезоната за него практично ќе почне од фебруари негде.
Милан може да проба да качи уште нешто ситно на понудата, ама ако не прифати договор, мора да биде смрзнат и да си оди со 140 кила, па нека се надева дека истата плата ќе му ја понудат, кога ќе биде без минута клубски фудбал во изминатите 365 дена.