Со оглед на годините и талентот секако вреди толку. Милан го плати 25. Ако некој тим, укапира дека тоа со повредите може да се контролира и балансира, ако се испостави дека Милан можел подобро да му ги менаџира тренинзите на Пато, тогаш ќе кукаме година дена на фан-клубов после продажбата на Пато.
Нормално дека не треба на сите да им се продолжи договор, таман работа. Пато е во специфична ситуација, која бара внимателност. Треба да се процени кој може да понуди многу појше, а кому можностите му се толкави, ограничени на една сезона и моментални блесоци после тоа. Тоа го прават добри менаџери кои Милан ги има. На Пато треба да му се покаже доверба затоа што е најдобриот фудбалер кој моментално Милан го има. Фудбалер.
Секоја чест за Шарави, не изненади сите, го почитувам најмногу заради смиреноста и заради тоа што не е полетан во облаци, цврсто е на земја. Има огромен потенцијал, тоа го кажуваат сите.
Ама потсетете се дека и Пато го правеше истото што и Шарави првите 2-3 сезони кај нас.
После тоа го спречија повредите и само повредите за кои кажав што мислам.
И мислам дека никој од фан-клубов не би му рекол среќно доколку го продадеме и си оди. Барем јас сигурно не. На сите би ни било страв, а што ако таму каде што оди, го средат, не се повредува више и се распуца како што знае?