Дојде и тој ден, кога МЗТ Скопје ќе мора да се збогува со неговиот дом. Домот во кој влезе во `80-те години, кога екипата своите домашни натпревари започна да ги игра од Автокоманда во Аеродром. Низ историјата "Јане Сандански" бил сведок на многу радосни и тажни моменти. Ова место спојувало многу генерации на луѓе, без разлика дали се работело за актери кои се директно вклучени на теренот или пак за оние кои што го чекале тоа саботно попладне кога симболот на Аеродром го играл редовното коло во кошаркарската лига. Звучи чудно, меѓутоа "Јане Сандански" оди во историја токму во најуспешната година на МЗТ Скопје. Тоа е можеби најмалиот поклон што клубот и навивачите можат да и го дадат на оваа сала во знак на благодарност за сите моменти.
ЗАТОА...УТРЕ ВО 19.30 ЧАСОТ...СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ ШТО БИЛЕ ДЕЛ ОД ТИЕ МОМЕНТИ ОВИЕ ИЗМИНАТИ ДЕЦЕНИИ, ДА ГО ИСПРАТИМЕ ДОСТОЈНО "ЈАНЕ САНДАНСКИ" ЗАЕДНИЧКИ НА ПОСЛЕДНИОТ ТРЕНИНГ НА КК МЗТ СКОПЈЕ ВО ОВАА САЛА!!!