Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
28 октомври 2007
Мислења
786
Поени од реакции
298
zaso ne doagjate i vie da ne strajkuvate so izgubivte edna utakmica?:pipi:
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
А1 Тим ќе се чуеме ја и ти...

И ја сакам да се видам со Аеродромка и Радикал веќе еднаш!...
 
Член од
5 декември 2007
Мислења
428
Поени од реакции
5
голем поздрав до зоки од аеродром, и зошо знаеме бе ние ??? кога ,ај сеа да не почнуваме со тоа.супер гостовање беше тоа, а и топ беше утакмицата
 
Г

Грејвдигер

Гостин
А1 Тим ќе се чуеме ја и ти...

И ја сакам да се видам со Аеродромка и Радикал веќе еднаш!...
Овој пат ако не дигнеш на моб. ќе ти го сечам , веруј ми :)

A1 team ke se cuume i jas i ti.... pozz
:pos2::pos2: ОК

-----------------------------------------------------------------------

Стигнав у СК пред пола саат , се раскомотив сега и еве ме пак тука :)

Караколев си оди од МЗТ Скопје!

"И покрај долготрајни ветувања од страна на раководството на клубот, цели 63 дена не сум добил плата, т.е. она што сум го заработил како играч на МЗТ Скопје. Затоа решив да побарам раскин на договорот на штета на клубот"- вели младиот репрезентативец

Никола Караколев е на "излезната врата" од "Јане Сандански". Младиот репрезентативен бек во текот на вчерашниот ден и официјално побарал предвремен раскин на договорот на штета на клубот.

Основната причина се заостанатите долгови кои МЗТ Скопје ги има спрема него.

"Нема што да кријам, поднесов барање со кое сакам да го раскинам договорот со МЗТ Скопје. Исто така не кријам и поради што. И покрај долготрајни убедувања, ветувања од страна на раководството на клубот, цели два и повеќе месеци, поточно до денеска 63 дена, не сум примил плата. Согласно со договорот кој го имам со МЗТ Скопје, тоа клубот требаше да го направи заклучно со 5 декември. Кога видов дека од тоа нема ништо, ги информирав дека ден подоцна ќе побарам раскин" - го појаснува Караколев своето барање.

Караколев не беше дел од екипата на МЗТ Скопје, која во средата навечер загуби на гостувањето во Битола против Свисслион Пелистер.

Некои го поврзуваат поради тренерската смена која се случи пред неколку дена.

"Во оваа пригода мора да напоменам дека тоа нема никаква врска со моето барање за раскин на договорот. Го почитувам и Тодоров и Лазовски, и Петровиќ. Со сите сум соработувал на различен начин, со некого повеќе, со некого помалку. Вистината е таа"- вели Караколев.

Младиот бек појаснува дека ова негово барање има најмалку "допирни точки" со навивачите на клубот.

"Сакам, макар и на ваков начин да објаснам дека тие се најмалку виновни што сакам да си заминам од МЗТ Скопје. И да ме сфатат дека јас живеам од играње кошарка. Тоа во МЗТ Скопје во овој последен период го немам. Жал ми е што ќе мора да се разделиме на еден ваков начин. Но за мене тоа е единствениот излез од ситуацијата во која се најдов, не по своја вина. Се надевам дека сум оставил некоја трага во овие години престој, и играње за МЗТ Скопје. Но ова ги мина сите граници на толеранција. Не можам повеќе, затоа се решив на еден ваков чекор"- констатира разочарано Караколев.

Б. Радуловиќ

Од понеделник во Фершпед Работнички

Јасен е и следниот потег на младиот бек. Откако го "свитка табакот" и поднесе барање за раскин на договорот, следува заминување на Караколев во "Градски парк".

"Ако се оди според договорот, од понеделник би требало да почнам со тренинзи со екипата на Фершпед Работнички. Мислам дека по една ваква ситуација во која се најдов, најдобро за мене ќе биде доколку кариерата ја продолжам во "Градски Парк". Останува да се решат само некои поединости, и кога ќе го добијам потребниот документ-исписницата, одам во Фершпед Работнички"- потврдува Караколев.



http://sport.com.mk/?ItemID=CE8379D997F16944B1F7AF91B38FB9BD
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Имам тренинг од 13.00 ако си за гледање Орце,те чека...

Ако не ќе се договориме после...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom