Фан клуб: МЗТ Скопје

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Кај сте бе ФА, кај ви е Зозо, Вепар и остали
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
572
Поени од реакции
20
Вепар прееска го видов на клупа седеше,а зозо како да помина на главни скали у бисер :baeh::baeh::baeh::baeh::baeh::baeh:
 

Skunk_skopje

MZT TILL I DIE
Член од
15 февруари 2009
Мислења
179
Поени од реакции
16
ima uste ali me mrzi da gi stavam.Иако Мзт изгуби не остана без подршка во Кавадарци
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102091849504&id=21&prilog=0&setIzdanie=21816

Навивачите се единствена светла точка во МЗТ

Единствени што летово не кренаа раце од вториот најдобар кошаркарски колектив во историјата на Македонија беа навивачите, кои успеаја да иницираат каква-таква помош од локалната самоуправа и од неколкуа ентузијасти

МЗТ Скопје, некогашниот кошаркарски гигант од „Јане Сандански“, дефинитивно ги живее најтешките денови во повеќедецениското постоење откако завчера го претрпе можеби најтешкиот пораз во клупската историја на домашна сцена, изразен со дури 37 поени разлика во пресметката со кавадаречки Фени индустри.

„Металците“ ниту од далеку не личат на тимот што во минатото дојде до четири титули во Купот на Македонија, а згора на тоа успеа да го кутне и големиот Реал Мадрид. Сега, тимот од скопската населба Аеродром игра колку да не пропадне, со играчи што ниту од далеку не ги исполнуваат условите за настап во прволигашка конкуренција.

Некој ќе каже дека МЗТ може да прикаже и повеќе, со оглед што во тимот има и тројца искусни и сосема солидни кошаркари како Младен Ѓуроски, Мухамед Тачи и Александар Совковски. Но, гледајќи го нивниот учинок на завчерашниот дуел во кавадаречки „Јасмин“, на кој заедно шутираа со речиси неверојатни 10/41, нивното присуство на теренот изгледа повеќе како меѓусебно натпреварување кој повеќе ќе шутне отколку на барем делумен обид за спас на достоинството на некогаш големиот тим од „Јане Сандански“.

Колку и да изгледаат срамно поразот и играта на „металците“ во дуелот со Фени И., за многумина самото појавување на кошаркарите на овој тим на паркетот во салата „Јасмин“ е успех сам по себе. Тоа е така поради фактот што летово МЗТ беше на чекор од бездната односно од исчезнувањето од кошаркарската мапа поради немањето финансиска сигурност. Единствени што во тие моменти не кренаа раце од вториот најдобар кошаркарски колектив во историјата на Македонија беа навивачите, кои успеаја да иницираат каква-таква помош од локалната самоуправа и од неколку ентузијасти, кои се нафатија да останат во клубот.

Токму навивачите на МЗТ се единствената позитивна работа, која во моментов е поврзана со некогашниот гигант. Групата „Фемили“, која со години беше критикувана за својата вулгарност и пред сé воинственост на трибините, овој пат се покажа како кохезиски фактор, кој не дозволи згаснување на МЗТ. Тие самостојно решија да плаќаат билети за мечевите што ги играат дома, приход што е од огромна помош на привремената управа за обезбедување на најминималните средства за играње на мечевите од Првата лига.

„Фемили“ беше главната приказна на мечевите од 1. коло минатиот викенд, кога ја исполнија салата „Јане Сандански“ и 40 минути без престанок ги бодреа кошаркарите и покрај поразот од дебитантот во елитата Плејмејкер Кубис. Тие се во центарот на вниманието и по 2. коло откако завчера, на сопствен трошок, група од стотина навивачи на МЗТ замина во Кавадарци да го слави името на својот клуб, знаејќи притоа дека противникот е за неколку класи подобар и дека нивниот клуб го очекува вистинска катастрофа во мечот со Фени И. Но тоа не ги спречи 40 минути да навиваат за своите, а не против другите, за што добија чиста „десетка“ од кавадаречката спортска јавност.

Многумина што подолг период ги следат случувањата во македонската кошарка, сепак, се надеваат дека ваквото примерно однесување на „Фемили“ ќе продолжи и откако МЗТ ќе успее да најде стабилен спонзор и ќе застане на нозе. Ваквиот страв доаѓа од инцидентите кои во минатото ги правеа навивачите на „металците“, меѓу кои имаше и неколку што директно ги бркаа спонзорите што вложуваа големи пари во четирикратниот куп-победник.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Секоја чест луѓе, незнам зашто овие СПБ се фураат дека они се боље или што знам...
Секој неутрален навивач и секој што ја следи кошарката во Македонија малку од малку, може да дојде до заклучок дека ТОКМУ ВИЕ сте најдобрите тифо навивачи на кошаркарската сцена во Република Македонија..
Штета што клубот се наоѓа во очајна финансиска и играчка криза...
Поздрав и продолжете така..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom