Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
29 септември 2011
Мислења
2.132
Поени од реакции
2.311
Точно е но имаме квалитетни странци за пола аба лига.Мене не ми е мака што испаѓа МЗТ бидејќи мн доцна се зафатија за работа но не на ваков начин
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Како горка утеха е дека бараж ќе играше МЗТ против Хелиос од кого ќе изгубеше.

МЗТ најсипмтоматична победа имаше против Цибона, другите си беа регулар добиени. Вчера исто гледав Будуќност и натпреварот воопшто не беше наместен, промаши положување на 1 секунда до крај, а после поразот им настрада трењерот.

Сума сумарум вината е исклучиво во редовите на МЗТ. Лоша сезона, лошо избран ростер и тренер кој не е соодветен за АБА1, аматерски грешки на управата и разделба со играчи пред клучни натпревари, изгубени натпревари против Борац, Игокеа, Морнар.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.314
Николиќ добил отказ

Гаги улета на терен, бутна играч кој беше во налет на контра, испи казна од 10 утакмици, и доби отказ од клубот. Едноставно го проби дното. :icon_lol:
И најбитното го остави клубот во лоша позиција каде што не се знае ни дали може титулата да ја освои во домашното првенство. Во лоша атмосфера и без тренер до крај на сезоната.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Честито титула. Отсекогаш сте биле посимпатични од Работнички.

Фемили певлив репертоар имате.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.108
Поени од реакции
3.858
Браво!!! Само не ми е јасно од каде Битола кошарка? Тие ни одбојка имале, а камоли кошарка. Ова боза испадна!
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.314
Се изгура некако и сезонава со среќен крај за сите нас навивачите затоа што дојдовме до двојна титула. Подетално ако се навлезе сезонава во најмала рака е многу проблематична од самиот почеток до самиот крај. Освоивме двојна титула затоа што немаше никаква конкуренција годинава во домашното првенство и само затоа што Војдан го потпишавме. Не очекува турбулентно лето и следна година далеку потешка во домашното првенство и во смрдливата АБА 2.
Честито 10та титула и да се множат!
 
Член од
19 февруари 2013
Мислења
73
Поени од реакции
145
Честито титула! Дојде време да не ни ги збира титулите на две раце, мислам дека не постои навијач што не си помисли вечерва " ко вчера да беше првата".
Сезонава заклучена како што треба, околу епизодата во Аба колку и да е болно треба да се погледнеме во очи и да бидеме реални дека се соочивме со реалноста, општо на нашиов баскет, имавме се што вреди и знае баскет македонско, едноставно регионов е предалеку отиден од нас во спортов. За наредна година горе глава, да се извлече најдоброто како и годинава и нема зима.
За странски појачања отом потом.
До смрт со МЗТ Скопје!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.351

Нели играше овој у МЗТ? :D
Да, ако не се лажам прва екипа после колеџ му беше МЗТ, евентуално втора.

Мемево цело време се појавува по интернетов, а интересна е приказната за Нуни Омот.

Инаку, утре можете да го гледате на СП во Кошарка, игра за Јужен Судан.
Неверојатен живот.

Ова на сликава е легитимна графика и не е измислено за меме причини.

У кратки црти:

Кога бил мал, тој и мајка му избегале од некоја војна во Африка, ама татко му останал таму.
Во меѓувреме останал во САД, почнал да студира и се тоа, ама поради разноразни причини, татко му немал шанса да напушти и да им се придружи на неговите во САД.
Конечно, за прв пат после 1996, кога Нуни ја напуштил својата родна земја, војната и сите останати срања, излегло шанса и татко му да се пресели во САД.
И не само тоа, туку и за прв пат после многу години да го види својот син, во живо, како игра кошарка за својот колеџ(или high school што и да беше ова)
И татко му е тука во салата, па затоа графиката е тука да ни објасни зошто е емотивен моментот и се тоа.

Ама вака, надвор од контекст делува фејк и смешно и се тоа :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom