2022 година.
За многу облиена во геополитички дебати, воени анализи и Ковид експертизи. За цела Македонија останува и годината кога фудбалскиот европски првак беше на колена пред нашите репрезенатативци.
Но, за нас, за цел Аеродром, 2022 има посебен шмек. Оваа година за нас е јубилејна, и тоа двојно – 25 години од формирањето на Family Aerodrom и 35 години од првите навивачки движења во Аеродром, преку Service Crew. Згора на тоа, оваа година имаме и историска шанса, каде како домаќини, и благи фаворити, одново се бориме за конечното враќање во јадранската елита, каде што ни е местото.
Со таа цел најавуваме и официјална прослава за 25 години постоење на ФА, и 35 години постоење на Service Crew. Прославата ќе се одвива во текот на следната недела, паралелно со финалниот турнир во АБА2 лигата, кој ќе се одржи во Јане Сандански, а каде на нашиот МЗТ Скопје ќе му биде потребна цела наша поддршка.
Припремите се во тек, а сите информации во врска со прославата и со завршниот турнир ќе бидат обелоденети додатно.
ФА97
#FA25
#ЦелЖивотМој
#МоитеПрвиЧекори