Уф... Што да се каже?
Разочарувачки крај дури за сезона полна со повреди.
Нејсе. Ајде едно кратко резиме за играчите од годинашниов состав - ретроспектива и материјал за размислување воочи новата сезона.
Денис Шродер.
Фала богу што Лејкерс не се заглавија 84 милиони со него. Добар е ама само просечно добар, и потпросечно лош во плејоф кога е најважно. Иако рака на срце, немаше многу шанси за играње со гужвата што Феникс ја правеа во рекетот. Ова воедно беше и целата нивна тактика во плејофот - да ги натераат Лејкерс да ги победат со шут од далеку - ама Лејкерс немаа ни еден расположен шутер (Леброн не го рачунам за шутер а најдобар шутер беше во Лејкерс).
Монтрез Харел.
Не е лош дечкото и во состав со шутери ќе имаше повеќе шанса да ја игра неговата игра. Сите асални тимови сезонава а посебно во плејофот се концентрираа во рекет и правеа гужва пошто Лејкерс немаат тројкаши ни за лек. Следнава сезона веројатно ќе си оди, некој секако ќе му даде повеќе пари.
Андре Драмонд.
Уфф... Катастрофа. Примети некој дека не играше во последнава утакмица? Тоа е пошто не се приметуваше ни додека играше. Уште па се слуша дека ќе пробале да го задржат и следнава сезона... Можеби со нов состав со шутери тројкаши ќе биде подобар. Ама дибек си е дибек. Нема добра пост игра, не бокса простор под кош, под 50% шут а шутира само од под кош. Не фала, освен за ич пари - можеби ќе вреди за трејд.
Марк Гасол.
Пред пензионирање. Добар за 10-15 минути од клупа, и само во одредени дуели, но тоа е тоа. На Лејкерс им треба центар што ќе го штити рекетот а Гасол и Драмонд не се тоа.
Калдвел Поуп, познат како КЦ
3 П.
Добар во регуларна сезона, разочарувачки во плејоф. Нема изговор заради повредата, пошто беше тапа уште пред повредата. Во 5-тата клучна утакмица кога Лејкерс ги попарија со 30тина коша разлика, КЦП/Шродер/Морис заедно беа 1 погодок од катаљарда шутови. Но од нив тројца КЦП е специјалист тројкаш, па на него најмногу лежи одговорноста. Се надевам дека следнава сезона пак ќе се рашутира на почеток... За да му се дигне вредноста колку-толку и да може да се трејда за некој друг. Но корисен играч е заради одбраната па ќе видиме.
Кајл Кузма.
Регресија во напад, напредок во одбрана и залагање за скокови/буткање/итн. ОК договор кој ќе има вредност за трејд, а и самиот Кузма би бил покорисен во состав со добри шутери. Можеби и ќе му се врати шутот.
Маркиф Морис.
Колку што лани позитивно изненади, толку годинава разочара. Но за ветерански минимум би било ОК да се врати на уште една година, зошто да не кога имавме такви како Кук и Дадли да греат клупа. Маркиф барем теоретски може да направи нешто (и не му е страв да се степа ако затреба).
Вес Метјуз.
Пред пензионирање, ова што го пружи беше и солидно и разочарувачки но само затоа што нашите очекувања беа преголеми.
Алекс Карузо.
Разочара во плејофот, но не многу. Корисен играч само се надевам дека Лејкерс нема да го преплатат летово.
ТХТ.
Одличен напредок годинава, тоа што плејоф малку разочара е само заради тоа што го дигнавме до небо. Исто како и Карузо, се надевам дека Лејкерс нема да го преплатат летово но обавезно МОРА да се задржи во Лејкерс.
Леброн.
Го стига времето, но не е фер само на него да ја ставаме вината за поразот. Со онакво удвојување/утројување, со гужва под кош каде цело време има 4-5 играчи на Феникс? Што реално повеќе можеше да направи без другите?
Ентони Дејвис.
На него е иднината на Лејкерс. Ама нежен е и мора лоад менаџмент цела регуларна сезона. Зависен е од добар партнер, и да се надеваме дека менџментот на Лејкерс ќе направи нешто интересно следнава сезона/сезони.
Толку. Ајде повеќе среќа во иднина.
