Работнички беше подобар цел натпревар, во првата четвртина тргна многу офанзивно и по 10 минути игра резултатот беше 7-35 или така нешто, во втората Ултимејт многу подобри постигнаа 23-4 поени а Работнички не повеќе од 10 ако не се лажам. Во третата четвртина пак Работнички убедлив за во последната четвртина да влезат понеискусните и на крај да не биде тежок пораз кој во еден момент беше и 45 разлика, Ултимејт подобри последните 10 минути и на крај 23 разлика за Работнички заслужено.
Пред се поради лошата игра на Прилепчани, каде има 7-8 нови играчи кои стасаа последните 3-4 дена и тимот не е воигран добро, па ќе видиме другата сабота против Торус повторно дома како ќе биде.