последнава партија со Magic е класичен пример дека некои играчи и не беа воопшто искористувани на вистинскиоот начин и колку многу фалеа нивните поени и стил на игра !
Ова особено се однесува на Barbosa. Со Орландо ја изигра најдобрата партија (ама ако му дадеш минутажа)
Беше оној препознатливиот , влезови и положувања типични за него, да створи вишок играч со неговата брзина, на моменти и да асистира добро , поени од транзиција .........едноставно секаде го имаше и Barbosa прикажа колку е универзален играч и може да биде од многу корист, ама не со 5 -6 мин игра и да пушта корења на клупа..........да не се повторувам , Rivers ептен ја посра тука работата ама сега и веке нема избор, само за Rivers треба некој играч да се повреди и тоа да му се удри од глава и да го освести, па тој да го "види" потенцијалот кој му е на располагање и да почне и да мисли и на тоа што го има на клупата=слична ситуација како Bradley минатава година кога Allen се повреди, инаку Bradley се уште ке си беше анонимус играч ! Кај Barbosa како веке ептен докажан играч нема дилема дека грешел овој, ај не е ни прв ни последен тренер во НБА да ја прави таа грешка кога е Барбоса во прашање!
И со Sacramento Барбоса одигра одлично прво полувреме со 7 поени и го најави "будењево"
J Green, овој последниве неколку партии (од Мајами наваму)покажа колку е опасен играч во игра 1 на 1, пред се ради неговите атлетски предиспозиции да ги става на постери безмилосно и младо и старо (јас не знам по оваа интервенцијава со срцево што пумпа му вградија рипа, лета= Batman може вода да му носи) , и секако тоа е таа игра каде најмногу би бил од корист и му лежи и него , на влезови и повеке игра во рекетот да надополнува. Се покажа дека тој не е за да ми пуца од далечина и да ми глуми бек-шутер со тројки (така беше барем првите 30 партии)
Маката Rivers ке го натера да ги исправи некои од овие грешки, нема дилема
Terry е се уште како урочен, тоа шутчето никако да проработи и да го видиме барем една партија во регуларниов дел да здрви 20-25 поени,да распали 4-5 тројки , онака за мераклии и против душмани =да ги наполни (уште чекам , не дигам раци!)
А и Lee дефинитивно треба да биде многу поагресивен на влезоови (со орландо таа шема) ,,,,,,,,,,,ако не ти иде шутот , заеби, не троши топки ( а не да не му иде оваа сезона)
За Бостон оваа година, во најголемиот дел од победиве, клупава беше пресудна и изигра во сите тие партии многу добро, често многу блиску по поени (вкупно) со стартериве, мал број партии и имаа дури и повеке поени од стартериве и овој факт не е за занемарување ........и се уште не игра со полн потенцијал. Да, Рондо го нема ама ке биде срамота да не изборат плејоф со оваа екипа , која треба да го најде ритамот и игра далеку од потенцијалот кој го има!
Инаку за Sixers, овие последниве 20-25 партии се ептен лоши и се мачат за 5 победи и играат многу неконстантно (во ред, Бајнум се врати ама ке видиме како ке се одрази на хемијата и играта во тимот)Распоредов по тежина до крај не сезона им е тука негде како и Бостон ! Така да и оваа предност на Бостон од 3 победи иако не доволна значи колку толку !
Искрено , Рондо оваа сезона не игра баш на ниво, да не се лажеме, и со него на терен Бостон играше многу лошо, пред се не ради него, туку новите играчи, хемијава, потфрлање на одредени поединци, време да се склопат коцките и да легнат работите итн итн ............
значи тешко е да се каже дали Рондо ке биде пресуден да одат плеј или не (да, за подолга серија во плејофот и големи достигнување ке фали,нема збор) мегутоа оваа ситуација во која се наога Бостон е ради пред се лош ритам , нема уиграност= хемија, многу експерименитрање................И со оваа екипа Бостон е многу опасен тим за било кој на Исток (к-р се тресе ако играат прва рунда со Мајами, па ги исплескаа без Рондо пред некој ден многу елегантно, ги плескаа и минатава година со 4 играчи само, ова е вистината и реалноста, а не лажен оптимизам !)
И Collins да не ми го става Rivers ако може што помалку толку подобро......ИЧ !!......Wilcox е многу поснаодлив играч, поснажен и поподвижен, физички и атлетски поспремен= едноставно подобар overall (бил и ке биде)
Трејдови во оваа фаза од сезонава не се лекот за Бостон ! (ништо не би смениле за оваа сезона на подобро а и за индината може да бидат само избрзани)
Да обезбедат плејоф (што не се сомневам) па ке видиме за понатаму.................чекор по чекор, не се отпишува туку така овој тим (историјата вика така, блискава историја !)