Фан клуб: Бостон Селтикс

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
абе моменталната клупа е поим за ланската (на имиња). тери, грин, барбоса, ли, бас, салинџер (шо се доста покажува како руки). овие имиња се поим за играчи, лани со еден дулинг, дениелс и остала боранија играа подобро. тоа ме разочарува мене, да се нема клупа, ајде уреду, ама со овие имиња, шо имат доста покажано да сме мизерија :cautious:
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Па јбг и сам знаеш дека не е само кои се имињата работата е како ќе се уклопат во системот на игра.
Салинџер ќе биде добар играч јас и пред да биде драфтуван на НБА темата пишував за него кога видов дека Бостон го одбрале не ми се веруваше дека до 20ти пик не е одбран.Дулинг ваков таков многу јако играше :)
Бас многу послабо игра сезонава...
--- надополнето: Dec 31, 2012 3:46 AM ---
Ова е ужас од игра што останав и јас да гледам незнам,Рондо каде е ???
Во сала ли е ?
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Сам ли ќе игра Рондо ?
Не е воа шах.
Ќутук до ќутук, сите до еден.

Последниве утакмици: против Клиперс, Голден.С и Сакраменто незнаат кај тераат.
Тој па Колинс шо функција врши во екипава никако да сфатам, ниту рипа, ниту поентира, ебате центарот.

Ајде нека се враќа Бредли, до сега нови раменици ќе му пораснеа ебате човекот ебате.



И дајте некој поасален линк да ја догледам, на овој што гледам очите ми истекоа 500кбпс.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Ноќеска со Мемфис,мора да се победи оваа утакмица !
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Напишав во НБА темата,катастрофа,кој стигне не гази ,последниве 4 утакмици со 20 разлика во просек губиме,мора одбрана појако да се игра,напад па неможе кош да дадеме,2/4 имаше еден период од 5 ипол минути скоро 6 каде што немавме поентирано,претеризам е тоа,мора некои промени да се направат,иначе не гледам како би можело на подобро да биде работава.
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
4 порази по ред :confused:
а следат тешки утакмици..Пејсерс, Атланта, Њујорк

Рондо игра со повреда, Пирс и Гарнет неконстантни можеби и годините си го прават своето
каде е тој Бас од минатогодишниот плеј оф ?! нема ниту Б од Бас!


едина позитивна работа e враќањето на Бредли и
тоа што изгубивме со помалку од 20 разлика

друга работа шо ме нервира ..им дозволуваат на противничките екипи да им прават премногу офанзивни скокови,
тоа е можеби и најголемиот проблем во екипава.
Знам дека немаме којзнае какви скокачи , али дефанзивно ориентиран тренер како Док треба да изнајде начин
да го затвори рекетот и да не се дозволуваат лесни поени од втора шанса кои се доста битен сегмент од играта.



Исто гледам некои трејдови се спомнуваат, али ќе видиме шо ќе испадне.
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
мора да се земе некој асален центар. неможе да играме со гарнет на центар или салинџер (руки е детето). откако го дадевме перкинс, јадеме го на големо под кошот. веќе спомнав за бас, не е ни 50 % од тој играч лани шо газеше све. подобро нека го дадат, за да земеме центар. јас најмногу сум за Варежао или Казнс
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
КОЈ ПОСЛЕДЕН СЕ СМЕЕ, најслатко го јаде ! (или поинаку беше поговорката ?!)



Минатата година (тие кои ги следеа Бостон) во регуларниот дел Boston имаа многу проблеми и играа многу лошо , речиси преку целата сезона. Проблемот и не беше до толку збиениот распоредот и темпото , ради LOCKOUT-тот (не дека не беше фактор и не влијаеше за сите тимови)
Или оние излитени фрази "Стари се веке , за к-р не ги бива, ке летаат прва рунда у плејоф"

Играва на Бостон беше најчесто: Се мачиме да дадеме кош, обично со катастрофална реализација и никаква ефикасност (процентот од поле ретко беше над 40%, обично 35% беше премиија)
Тројка нема кој да постигне у тимов. СЕ БАРА ЈУНАК ЗА 3! Освен Реј , кој знаеше да биде и самиот многу променлив и неконстантен, тројките навистина беа вистински предизвик за тимот!
Одбраната (до месец дена) пред плејоф не беше на ниво исто така! Немаше конзистентност кај никој од играчиве, ретко да врзе некој 3-4 партии за ред со солидни бројки, на сите позции !
Најчесто беше огромен предизвик да се постигнат повеке од 30-35 поени за едно полувреме. Тие што ги гледале знаат зошто и Бостон не можеше да задржи предност, па и посолидна двоцифрена !
Едно полувреме ке постигнат 60 поени (ретко) другово се мачат за 30 поени и отиде предноста.........или обратно !

И кога мислеа сите во Јуни, дека готово е, Бостон е за у канта (колку години по ред се слуша ова) ете ти го Ainge на сцена настапи со неговите (најчесто ризични) операции и калкулации
и на големо изненадување направи без дилема нешто најдобро за Бостон , после 2006 катастрофата и BIG3 трансформацијата од 2007 ! И НОРМАЛНО ОЧЕКУВАЊАТА СЕ ПОГОЛЕМИ ОД БИЛО КОГА !

За играва на Бостон 2012/2013

Огромен предизвик е за DOC оваа сезона и ми е јасно дека му врие главата од разни комбинации. Дека му е тешко нема дилема (па и друг да биде со толку нови играчи ) а и напуштањето на Thibodeau 2010 се осети експресно и минатата година, па и кога ке се види што направи TOM со Чикаго и на кое ниво ги дигна за толку кратко време, нема дилема за неговите заслуги
за темелите на одбраната на овој Бостон од 2007. Не ми е поентава дека DOC не го бива, да се разбереме,но Tom беше од огромно значење и како стратег да се надополнува со DOC во поглед на играта и неговото присуство и учинок е НЕОСПОРЕН !

Она што лугето го забораваат во целата оваа ситуација и до овој момент сезонава а е повеке од очигледно е дека Бостон донесоа/имаат 10 нови играчи ! Не е 1, не 2, 10 БАЦЕ !
(Green, Bradley, Terry, Lee, Melo , Sulinger, Collins, Darko, Barbosa, Wilcox )+ Stiemsma ,Allen, Pietrus, Daniels, Pavlovich ги нема !
ЈА НАПРАВИЈА НАЈГОЛЕМАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО ЛИГАВА !ОВА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ГО ЗАНЕМАРИ ИЛИ АКО МИСЛИ НЕКОЈ ДЕКА НЕМА ДА СЕ ОДРАЗИ НА ИГРАТА =СЕ ЛАЖЕ

НИЕДЕН ДРУГ ТИМ НЕ НАПРАВИ ТОЛКУ ГОЛЕМА ПРОМЕНА на РОСТЕРОВ КАКО БОСТОН, пред се во поглед на клупата но и играчите кои фалеа ради повреди минатата година !
пример : Далас исто така направија огромни промени пред се од стартната постава со Mayo и Collison, Brand Caman, (кај е бе Terry ?!) го нема Kidd и неиграњето на Дирк ко капак и гледај го Далас каде е. НО ТУКА НЕМА ПОTРЕБА ОД АЛАРМ ! Далас само како пример али не и утеха !

ОД друга страна нормално е да се очекува подобар резултат со оглед на имињата на играчите кои ги донесоа БОСТОН, а не ги донесоа само за на хартија да се бројат!

Sullinger е добар за у регуларен дел , но у плеј се работи на искуство и години игра, исчеличени играчи, нема место за импровизација и игра на среќа. Рано е се уште да се каже за овој како и секое rookie !

За BAss , точно е дека не е ефикасен како лани.Лани од 4ка-та BAss, KG, Rondo и Pierce , практично оние на кои беше цела игра у плејот, КГ I Bass беа убедливо најефикасните !
Оваа година на Bass И Sullinger му зима дел од минутите, толку не е опаднат, барем бројките така викаат ! Не го потценувајте BASS ! Неговата борбеност злато вреди се покажа мината сезона па и пред 5-6 години у Далас ! Далас ја направија истата грешка кога го шутнаа многу млад ! А и сеуште Bass го нема достигнато максимумот !

Jason Collins............најслабата алка во играта на New Jersey од 2002-2006 од сите играчи и битен фактор зошто тогаш таа екипа на NJ не освои титула! Не мрдна у игра овој со години, тука па тука=ДРВО !
КРЕМОТ од отпадот на НБА со Darko на центарска позиција Не знам само што ги земаа (ај од Дарко се ослободија !)

Terry не е на ниво дефинитивно и генерално шутот му е доста слаб, барем првите неколку партии кога идеше од клупа ( а требаше да биде дури и појака замена за Ален ) НО шутер ко Terry се покажува и живее за во плејоф и немам дилема дека тогаш неговото искуство ке дојде до израз. Дефинитивно убоо би било да го подобри шутот за 3 =за тоа и беше донесен и му треба на Бостон тоа многу !
А и Док треба да подразмисли да го игра стартер, заедно со Pierce , бидејки така двајцава ја отвораат многу играта на Бостон и ги прави Бостон потешки за чуввање ! многу есапи има за анализирање!

Green треба да биде најголемо засилување оваа година од младите ! Добар е , само да не ми форсира на моменти многу шут за 3. Со оглед дека е доста универзален играч и може да игра и PF не е лошо да надополнува игра во рекетот , под кошот. Не е тој за тројки да ми пуца иако нема ништо лошо да погоди и за 3 !

Bradley.........кратко и јасно, Bradley да беше минатата година у плеј , Бостон ке беа шампиони ! Со него во 3 недели минатата сезона ги посраа Мајами 3:0 со ред, непосредно пред почетокот на плејот ! СО Rondo беa одличен тандем . Pitbull у одбрана, огромно засилување . Прашањето е дали да игра стартeр или не .

LEE овој е можеби најголемо разочарување до сега. Минатата година во Houston изигра доста солидно. Овој треба со Terry да бидат главни шутери од далечина, ама за жал не така до сега! Мора да се подобри доста Има подобри играчи од него за стартери у овој тим, дефинитивно !

Barbosa .........Леандро е убедливо еден од најпотценетите играчи во НБА. Во сите тимови за кои играше беше гледан само како играч да пополнувва место кога неговиот тим
има 20+ разлика, утакмицата е решена и се чека само да помине времето. Иако препознатлив како шести играч, неговата брзина и прв чекор треба да надомести за годините на Pierce и KG и остерениот Boston. Со bradley у комбинација може да бидат бидат и треба да бидат
машини за игра во транзиција. Многу потценет шутер за 3 и несебичен играч кој умее да игра и плеј ! Едноставно Барбоса е многу повеке од само шести играч и Rivers тука прави огромна грешка што го заборава и му дава само по 5 минути !
Заборавивме дека игра Barbosa у тимов до сега !

===========================================================================

Како за крај, има одлични играчи оваа сезона и Бостон, нема дилема и ја има една од најдобрите клупи (ако не и најдобра). Овој тим на Бостон , уигран пред се и со подобрен шут за 3 е можеби и подобар од тој 2007 кој ја осови титулата
(Kendrick , Glen Davis, Rondo, Tony Allen, POwe беа неискусни и тазе дојдени во лигата ) Eddie HOUSE и James POsey беа единствени вредни играчи од клупа, истриени и одлични шутери кои си ја завршија многу солидно работата! Sam Casell иако звер играч беше и тој на залезот со PJ Brown многу фајде не се виде од нив арно ама си лапнаа титула !

Рондо тогаш и денес не се споредува, во ред Ален го нема и годините се фактор неоспорно ! Останува на Rivers да видиме што знае и колку ке извлече од играчите и тимот, нема оправдување друго оваа година ако се сите здрави и прави ! Се е во рацете на Rivers и ке има со што да се занимава цела сезона, со многу комбинаторики и варијанти, ротации и штимање!

Ако ги споредите бројките на Rondo, Pierce и Garnet тие се многу блиску оваа година со минатата, нема пад поголем , што е позитивна работа секако !
http://espn.go.com/nba/team/stats/_/name/bos/boston-celtics

Ако минатава година со буквално 4 играчи го мачеа Мајами 7 партии, кој стана и шампион(7-та партија Бостон е крив самиот што ја изгуби и колабираа во второ полувреме)
Дефитинвно и нема дилема дека оваа година ИСтокот е многу појак од минатата и дека конкуренцијата е поголема од било кога и ке биде тешко!
За мене со оваа екипа се испод главно финале е неуспех, али и условите се сурови !

Какви трампи какви нови играчи (не е ова Лејкерс што мењаваат тренери како чорапи и се некој друг е крив) =Дајте му време на тимот, нема дилема дека ке оди плејоф !
За Бостон битката е во плејоф , а минатата година не разочараа ВООПШТО во плејоф , напротив туку немаа срека, тоа е вистината !

 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
абе се слагам со се шо пиша, ама со ваква игра, и плејоф дали ќе влезат. знам дека док комбинира и пробува да ја најде совршената формација, ама мора да се мисли и за плејофот, пошто ако сакат да се докажат во плејофот, треба и да се пласират во него. али се на се мора да се земе играч, заедно со гарнет шо ќе не опраат под кошевите (за скокови)
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
На бековските позиции досега најмногу се потфрли, а во тој сегмент Бостон требаше да бидат далеку посолидни=супериорни !

Barbosa никој не го есапи , Lee и Terry не играат на ниво , (ај Bradley му треба време, дојде од вчера)

Првите 20 партии Terry кога играше од клупа ептен се изгуби и не допринесуваше воопшто и јасно ми е зошто Doc го стави стартер (овој е подобра варијанта за Бостон ко стартер бидејки им треба шут за 3 soooo bad !)

а за Барбоса е грешката кај Rivers дефинитивно !

сите се овие вонсериски играчи и требаше да бидат огромоно засилување. Под кошот Бостон и толку не страдаат. А колективната одбрана ке страда секогаш кога има поголеми промени во било кој тим , тоа е сосема очекувано и неизбежно!

Jeff Green во OKC играше повеке PF , ама па и таму им требаше многу повеке на таа позиција !

Земи ги пример LA...........ги имаат и Howard и Гасол и пак се тим кој има најслаба одбрана у лигава а и примаат многу поени во рекетот !

поубавата работа е кога тогаш кај овие новиве играчи шутот мора да проработи, а дали ДОК ке извади и колку ке извади на ниво тимска игра е до него !



одличен пример за проблемите кај Бостон од минатата година=РЕАЛИЗАЦИЈА и ефикасност.......нема кој да поентира на моменти и Бостон се како парализирани се мачат за 70/80 поени........арно и Lee беше супер оваа партија инаку не бегаа +30 за Warriors

мора шутот да го управат инаку џабе е се !
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Конечно една добра утакмица,победа 19 разлика ,ајде сега да фатиме некоја серија :)
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
добар камбек (y) али не ми се свиѓа едно:
нервира ме тоа шо ни направат уште на почетокот 20 разлика, и после топрв ќе се враќаме у игра. треба да се игра константно, да не дозволуват противниците да се одлепуват во поени. не вака, после со тешки маки, камбек да се прави, и ако се има среќа да тепаме
ај како и да е тепаме битно, сега да се направи серија
 

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Браво браво, одлично второ полувреме.
Им дозволија на Хоукс само 28 поени у второ :cuc:

Рондо трипл-дабл
Пирс 26
Гарнет 14

Позитивно ме изненадува рукиво Џаред Салинџер, 9 скока од кои 4 офанзивни и 8 поени за 20-тина минути.
Премногу наивни фаули прави, али океј од неискуство тоа..ќе си дојде се во свое време.
Исто една пофалба до Бредли, дечкото игра маестрална одбрана!

Утре од 01:30 vs New York. Би требало да бидат без Фелтон и Крафорд, па зошто да не ги изненадиме :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom