Јас не видов некој да ве прашува, дали ке навивате за Шкендија или Партизан. Што терате на офтопик безвеза.
Ако сакате да навивате за Партизан, просто си купувате билет, и одете навивајте, не мора тука да кажете дека немате да навивате за Шкендија дека бил албански тим и така натака.
Шкендија е Албански тим од Тетово, тоа е факт, но сигурен сум дека сите Албанци ке присуствуват во Скопје во случај Шкендија да излече добар резултат во Београд, макар и да изгуби со 2-0, а нерешено би било премија. Така да, до 2 гола разлика, Шкендија во Скопје ќе има голема предност. Јас не сум фан на Шкендија, но како Албанец би требало да присуствуам на реваншот во Скопје, во случај Шкендија како што реков да не изгуби со огромна разлика во БГ.
Друг факт е дека Шкендија го преставува Македонскиот футбал, и тоа во многу лош период, кога и со Репрезентацијата играме мизерно, така да во случај на добар резултат, тоа огромно би влијаело врз Македонскиот футбал, и би потикнал многу други луѓе во нашава држава да инвестираат многу повеќе на овој спорт.
Јас искрено се надевам да нема никакви инциденти, и да гледаме добар футбал. Инциденти мислам на тепачки, скршени врати, уапсени, колени и така натака. Пошто сепак футбалот е забавен спорт, а не боречки.
Од навивачите очекувам провокации, но само на транспаренти и песни.
И се надевам Балистите, да не пеат песни, што ке бидат навредливи за Македонците, и државата Македонија, бидејќи тогаш ке покажат голема слабост.
Поз до сите Балисти.