Шкендија дочека да го победи Тетекс
Штофарите се заканија да ја продолжат успешната серија над Шкендија, но "црвено-црните" налутени од покажаниот пенал не дозволија ништо друго освен нивна победа
Фактот што Шкендија немаше победа над Тетекс и за прв пат сакаше да го совлада својот градски ривал, вчера го наполни тетовскиот стадион до крај, освен на онаа источна трибина каде што требаше да бидат сместени сместени "Војводите" на кои не им беше дозволен влез на Градски. "Црвено-црните" чекаа три натпревари за да го "треснат" и Тетекс, и сега нема екипа која не успеале да ја совладаат во нашата Прва лига, останувајќи како најсериозни кандидати за освојување на титулата. На врвот сe е исто како и минатото коло, Шкендија и натаму има плус четири во однос на конкурентот Металург.
ШКЕНДИЈА - ТЕТЕКС 3:1 (1:0)
Градски стадион во Тетово. Гледачи: 10.000.
Главен судија: Димитар Мечкаровски. Помошници: Душко Милошевски и Игор Ширилов (сите од Скопје).
Делегат: Кабакчи Арслан (Струга).
Стрелци: Аломеровиќ 23', Мустафи 73', Нухији 85' (Ш) - Клечкароски (п) 63' (Т).
Ж. Картони: Елмазовски, Бериша, Аломеровиќ, Реџепи, Усеини (Ш) - Захариевски (Т).
Играч на натпреварот: Неби Мустафи.